|
|
|
Канон е компанија која постојано се менува на подобро. Со годишна нето продажба од 3,576 милијарди јени и со околу 100,000 вработени во повеќе од 200 компании, Канон се стреми да стане навистина одлична компанија на која и веруваат насекаде во светот. При избирањето на Канон, корисниците на неговите производи добиваат стил, технолошки иновации и квалитет кои им даваат мирен сон.
|
|
Тие исто така, се уверени дека поддржуваат компанија која ја води животната филозофија Kyosei, што значи да се живее и работи за општо добро. Оваа филозофија гарантира дека Канон презема активности за зачувување на животната средина и заедницата во сите места во кои работи. Канон се наоѓа на ранг листите на организации кои се воспоставени од страна на глобално признати публикации: Неделникот Business Week ја става нашата марка на 35. место меѓу најпознатите глобални марки, Списанието Fortune го става Канон на 30. место на својот список „Сите ѕвезди“ (All Star) за најценети компании во светот за 2005 година и на 5. место во компјутерската индустрија. Овие рангирања се извршени врз основа на анкетирање на 10.000 директори, извршни директори и аналитичари за безбедност во најголемите компаниите ширум светот Списанието Financial Times го става Канон на 25. место, меѓу најценетите компании во светот, а претседателот и главен извршен директор на компанијата Canon Inc., г-динот Фуџиото Митарај (Fujio Mitarai) на 10. место меѓу најценетите светски лидери на компании. Ова рангирање и направено врз основа на повеќе 1.000 одговори од 25 земји.
|
|
|
 |
|