|
Како партнер на Енергетска Звезда, и како еден од главните производители на енергетско-ефикасна опрема, по започнувањето со програмата, Канон квалификуваше повеќе од 400 од неговите продукти и е горд да ви понуди уреди за копирање, печатари, уреди за скенирање, и повеќефункционални уреди кои помагаат да се заштити средината, без да ги компромитира особините или перформансите.
На преден план за канцелариската опрема и замислените индустрии од страна на корисниците, Канон разви оригинални и напредни енергетски ефикасни технологии, и воведе повеќе од 400 продукти кои ги имплементираат овие технологии. Канон беше неколку пати нагдрадуван како партнер на годината на Енергетска Звезда. Продуктите кои ги исполнуваат стандардите за енергетска ефикасност го носат логото Енергетска Звезда. Бидејќи енергијата е се поскапа а глобалното затоплување ги загрижува корисниците, ние се ангажираме да понудиме решенија кои ќе им помогнат на нашите купувачи да заштедат пари, енергија и да го подобрат квалитетот на нашата средина. Поголемиот дел (преку 90 проценти) од продуктите на Канон ги задоволуваат барањата на Енергетска Звезда. Детална информација за Енергетска Звезда може да се најде на: http://www.eu-energystar.org Типична заштеда на електрична енергија (TEC) Новиот стандард за декларирана заштеда на енергија е TEC. Типичната заштеда на електрична енергија (TEC вредност ) = методата за тестирање и споредување на перформансите на енергијата на претставената индустриска опрема, која се фокусира на типичната електрична енергија потрошена од продуктот додека е во нормална работна активност во текот на една недела. TEC е општа метода за пресметка и овозможува енергетската ефикасност да се споредува по тендери. Како да се оптимизира енергетската заштеда на вашиот уред за печатење?
(Објаснување на упатствата за заштеда на енергија)
|