|
REACH спроведува преглед на својствата на хемикалиите, идентификувајќи ги ризиците поврзани со здравјето и околината и се залага да биде пренесена информација до снабдувачите и крајните корисници. Во согласност со принципите на Канон, во однос на одговорноста за околината, ние земаме проактивен пристап кон легалното совпаѓање, посебно кога се во прашање здравјето и животната околина. Canon и нашите снабдувачи на хемиски производи ја исполнија пред-регистрацијата на сите хемиски супстанции кои ги увезуваме во ЕУ во количина од 1 тон годишно или повеќе. Canon сега ја подготвува финалната регистрација за овие супстанции во согласност со продолжените рокови за регистрирање од 2010-2018. Листата на потенцијално високоризични супстанции од Член 59 од правилникот REACH е објавена на 28 Октомври 2008. Според правилникот REACH поголем дел од производите на Canon се сметаат за „предмети“ и ние сме свесни, меѓу другото, за барањето на информации за предметите во согласност со Член 33. Подолу е наведен сегашниот статус на компанијата Canon: Општо е познато дека каблите за електрична и електронска опрема можат да содржат phthalates, вклучувајќи ја следната супстанција наведена на листата на потенцијално високоризични супстанции. ・Bis (2-ethylhexyl)phthalate (DEHP) (CAS.No.117-81-7) Нашите кабли за електрична и електронска опрема можат исто така да ја содржат горе наведената супстанција во износ повисок од ограниченото ниво од 0,1% според тежината на наведениот предмет. Баравме од нашите снабдувачи на материјали, компоненти и готови производи, да не известат за погоре споменатите супстанции кои се содржат во производите со кои тие не снабдуваат. Најновите резултати од истражувањето ќе бидат објавени на нашата интернет страна. Компанијата Canon има блиска соработка со својот ланец на снабдувачи со цел да обезбеди постојана согласност со барањата на правилникот REACH. Ако имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте не на reach@canon-europe.com Формулари со податоци (Safety Data Sheets, SDS) за сигурноста на нашите хемиски производи се достапни на: https://msds.canon-europe.com/ За повеќе информации за REACH, Ве молиме посетете ја интернет страната на Европската Хемиска Агенција (ECHA): http://ec.europa.eu/echa/reach_en.html Листата на потенцијално високоризични супстанции е достапна на: http://echa.europa.eu/chem_data/candidate_list_table_en.asp Ограничување на одговорноста
Сите податоци наведени во оваа изјава се дадени во согласност со информациите со кои располага компанијата Canon за време на нивното објавување. Оваа изјава служи исклучиво за информативни цели. Canon ги објавува овие податоци без изразување на некакви гаранции, ниту пак гаранции кои се разбирливи сами по себе, вклучувајќи ги меѓу другото и гаранциите соодветни за одредена намена. Canon не гарантира дека содржината на оваа изјава не содржи грешки.
|