За нас  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За нас > За Канон
Canon Europe 50th Anniversary flags

За Canon

Веќе 70 години, на нашите клиенти ширум светот им испорачуваме водечки технологии за обработка на слика.

Основана во 1937 година, Canon порасна во компанија, која работи во разновиден опсег на пазари, вклучувајќи деловни решенија, корисничка работа со слики, емитување и комуникации, медицински системи и индустриски производи.

Со годишна нето продажба од 3.467 милијарди јени и глобална работна сила од приближно 118.000 лица, во речиси 200 компании, Canon е една од најшироко препознаваните и признати компании во светот. 

Бескрајниот тек од идеи и иновации ја одржа Canon на челото на својата индустрија. Со избирање на нашите производи, деловните и физичките корисници се одлучуваат за сигурни, стилски и напредни технологии.

Нашата филозофија
Кјосеи е корпоративната филозофија на Canon, која лежи во срцето на нашата марка и во деловните и спонзорските активности. Кјосеи е јапонски збор, кој значи ‘живееме и работиме заедно за општо добро’ - принцип, кој ги обликува нашите вредности и ја истакнува нашата морална одговорност да бидеме добри корпоративни граѓани.  Дознајте повеќе за Кјосеи.

Финансиска снага
Резултатите на Canon Inc. прикажуваат годишен пораст од 7,8% во 2007, со нето продажба од ¥4.481 милијарда, правејќи ја наша 8-ма последователна година на пораст на продажбата и профитот. 

Canon е наведена на берзите на Токио, Осака, Нагоја, фукуока, Сапоро и Њујорк.

Тука ќе ги најдете клучните факти и бројки за Canon Европа.

Индустриско признание
Во 2007, Canon ги постигна следните индустриски рангирања:
Сеопшто рангирање на 37. место, на листата на ‘Најдобри глобални брендови на светот во 2007’, на магазинот Business Week.
Магазинот Fortune ја постави компанијата Canon на 46. место на ‘All Star’, светската листа на компании на кои најмногу им се воодушевуваат.

 Испечати ја оваа страница 

За Канон

Филозофија
Канон ширум светот
Канон во Европа
Активности за еколошка средина
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба