За нас  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > За нас
Canon products, offices and sponsorships

За нас

Канон Европа е филијала на корпорацијата Канон од Јапонија, водечки иноватор во светот и добавувач на графички решенија.

Нашата деловна активност
Повеќе од 50 години испорачуваме пионерски технологии за графика на нашите купувачи во Европа.

Нашите купувачи имаат придобивки од употребата на потрошувачки и професионални графички производи вклучувајќи водечки опреми за фотографирање, печатачи, скенери и двогледи, како и понуди на напредни дигитални и SLR фото-апарати. Во прилог на тоа, нашата единица за деловни решенија нуди огромен избор на решенија за печатење документи за мали и средни претпријатија, големи корпорации и влади.

Нашата деловна единица за индустриски производи и понатаму сè повеќе ги проширува понудите, нудејќи производи кои се погодни за различни пазари, како што се пазари за медицина, за оптика, за емитирање и мултифункционалните пазари за ИТ.

Канон Европа учествува со една третина во вкупната глобална продажба на компанијата Канон и има вработено 11,000 луѓе во регионите ширум Европа, Средниот Исток и Африка (EMEA).

Нашата марка
Ние во Канон веруваме во моќта на сликата: моќта за брза и лесна комуникација, за пренесување најголема префинетост, за предизвикување силни емоции и за поедноставување на најсложените задачи.

Ние ја оживуваме нашата страст за слики преку изедначување на марката Канон со широк асортиман на високо-профилни активности, од рекламни кампањи како што беше неодамнешната корпоративна кампања „Зборуваме преку сликите“, па сè до клучни културни и спортски спонзорства, и европски настани и изложби.

Нашата платформа на марката „Вие го можете тоа“ (You Can) ја опфаќа  суштината на марката Канон и е направена да ги инспирира нашите купувачи да ја истражуваат својата креативност и да имаат поголема моќ со нашите технологии. Со Канон – Вие го можете тоа

Преку официјални спонзорства како што се UEFA EURO 2008™ и активности поврзани со животната средина, како што е поддршката за WWF, компанијата Канон ја изразува својата страст за моќта на сликата и посветеноста на нашата јапонска корпоративна филозофија Kyosei, што значи „да се живее и работи за општо добро“. Дознајте повеќе за Kyosei.

Откријте информации за глобалната групација на Канон

Пронајдете ги клучните факти и бројки за Канон Европа

Откријте го целиот асортиман на производи

Заслуги за фотографии (l-r на горниот дел) слика 1,3,4: (c) Canon Europe 2008, слика 5: (c) WWF-Canon/Svein B. Oppengaard (l-r на долниот дел): (c) Canon Europe 2008

 Испечати ја оваа страница 

  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба