Како филијала на Канон Европа, Канон CEE е регионална организација за продажба (RSO) за Централна и Иисточна Европа („CEE“) со седиште во Виена, Австрија. Основана е во 1994 година, со цел да ги развие растечките пазари во Централна и Источна Европа.
|
|
Канон CEE е надлежен за 15 земји: Република Чешка, Словачка, Унгарија, Полска, Романија, Бугарија, Кипар, Малта, Словенија, Хрватска, Србија, Босна, Македонија, Црна Гора и Албанија. Канон CEE управува со Националните организации за продажба (NSO) во Унгарија, Чешка, Словачка, Полска, Бугарија и Словенија (за Јадранскиот регион), и застапништвото во Романија. Во Кипар и Малта немаме застапништва, но имаме партнери (дистрибутери).
Канон CEE ги поддржува продажбата, маркетингот и услугите на целата организација на Канон во цела Централна и Источна Европа. Главното деловно насочување на Канон CEE е на два, јасно дефинирани пазари: деловни решенија (обезбедување со ИТ производи, решенија и услуги за канцеларии и опкружување за професионално печатење) и потрошувачка графика (фотографии, видео, печатачи Bubble Jet, скенери, факс уреди и мултифункционални уреди).
Во Канон CEE има вработено повеќе од 250 луѓе низ целиот регион.
|