Професионална моќ Двогледот 10x42L IS WP е првиот од Canon, на кој му е врежан светиот црвен прстен на L-серијата: ознака која досега беше резервирана само за најдобрите професионални фотографски објективи на Canon; врвот на 60-годишното наследство на Canon во конструирање и производство на прецизна оптика.
Кревајќи ги стандардите за оптички перформанси, двогледот е опремен со 2 елементи на леќи од ултра-ниско дисперзно стакло на секоја страна. Развиено од Canon, овие елементи се ефикасни во елиминирање на хроматското застранување - изобличувањето во вид на виножито, кое се јавува кај двогледите со послаб квалитет. Резултатот е супер-светла јасност на гледање, со висок контраст и зголемување од 10х.
Останете мирни За да се потиснат вибрациите предизвикани кога гледате држејќи со рака, од возила во движење или од чамец, двогледот 10x42L IS WP го вклучува стабилизаторот на слика (Image Stabilizer - IS), на Canon, со призма со варијабилен агол (Vari-Angle Prism - VAP). Малечки жира го откриваат и најслабото движење, додека микропроцесорот контролира специјална призма за да го поправи аголот на прекршување на влезното светло.
За сите временски прилики Конструиран да преживее и во најтешките надворешни услови, двогледот 10x42L IS WP е целосно водоотпорен. Дизајнот вклучува карактеристично лесно држење во влажни услови, како и робусна гумена облога за да ги издржи сите ваши авантури.
Против замаглување За да се спречи замаглувањето на внатрешните елементи на објективите, предизвикано од навлегување на влагата, сите надворешни површини се третирани со специјална метална облога. Ова функционира во склад со специјални О-прстени и со употребата на водоотпорни лепила на сите надворешни допирни точки за да се спречи пробивање на молекулите на водата преку надворешното куќиште.
Прецизна оптика Сите површини на елементите на леќите се третирани со облогите на Canon Super Spectra. Тие обезбедуваат живописни слики со голем контраст и со точен баланс на бојата, елиминирајќи несакани рефлексии кои може да предизвикаат ’духови’ (споредни слики) ’блескање’ (слаб контраст, исплакнати слики). Извонредно големата излезна зеница од 4,2mm овозможува светло видно поле во услови на слаба осветленост.
Удобен Секој аспект на двогледот 10x42L IS WP е конструиран околу удобноста на гледањето. Широкиот агол на гледање од 65° донесува прилично голем хоризонт во видното поле, додека долг додаток за очите од 16mm го минимизира винјетирањето (или ’ефектот на тунел’), кој може да се појави кај лицата што носат очила за вид. Корективната бравичка спречува грешки на ненамерни диоптриски корекции, а продолжените чашки за очите може да се ротираат за прилагодено прилегање.
|