За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Двогледи со стабилизатор на слика > 15x50 IS All Weather

Canon 15x50 IS All Weather
Двогледи

15x50 IS

Конструиран за професионалци и ентузијасти кои не трпат компромис, овој двоглед со големо зголемување вклучува иновативни технологии кои поставуваат нов стандард на перформанси.

Карактеристики

  • Големо зголемување од 15x
  • Леќа на објективот со голем пречник од 50mm за јасно видно поле
  • Широко видно поле од 67°
  • Додаток за очите од 15mm (корисници на очила)
  • Стабилизатор на слика
  • UD елемент за намалување на хроматското застранување на леќата
  • Погоден за користење при сите временски услови
Моќни двогледи со стабилизатор на слика и со дизајн за сите временски прилики

15x50IS AW е уникатен меѓу двогледите со големо зголемување бидејќи ја вклучува исклучителната технологија на Canon за стабилизација на оптичка слика. Докажан како многу ефикасен кај видео камерите и професионалните објективи на Canon, овој револуционерен систем користи сосема нова призма со променливи агли, која моментално и постојано прави нагодувања за да ја одржи сликата мирна. Со стабилизаторот на оптичка слика на Canon, сега можете без статив да уживате во моќта на овој двоглед. Можете дури да го користите од возила во движење. Неговите перформанси за гледање без тресење не само што ја зголемуваат вашата способност да ги видите ситните детали, туку го намалуваат и напрегањето и заморот на очите.
Серијата IS е опремена со објектив кој има уникатен израмнувач на полето, при што драматично го намалува заоблувањето на сликата. Како резултат на тоа, нема ни трага од изобличување и замаглување на сликата, типично за двогледи со големо зголемување. Овој напреден дизајн резултира и со додаток за очите, што им овозможува на лицата со очила да го гледаат целото поле без засенчување на рабовите на сликата.
Супериорниот оптички инженеринг на Canon овозможува и невообичаено широко јасно видно поле. Ова е особено важно кај двогледите со големо зголемување, бидејќи го олеснува лоцирањето на саканиот предмет.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба