Новиот IS двоглед има привлечен заоблен дизајн за поудобно ракување. Неговата мала големина, мала тежина и величествената способност за стабилизирање на сликата се должи на најновата технологија за стабилизација на сликата: механизмот за накривување Овој механизам го одржува вашиот предмет стабилен, поправајќи ги движењата, како на пример, тресење на раката. Трошењето на батеријата е сведено на минимум, бидејќи оптиката за IS троши струја само кога ќе се притисне копчето IS. Како и копчето за фокусирање, ова копче е поставено централно на двогледот и лесно е достапно како за корисниците со десна рака, така и за левучарите. Како дополнително усовршување, стабилизаторот на сликата на 8x25 IS, со систем за накривување, ги потиснува хроматските застранувања и го намалува ’замачкувањето’ на бојата, со цел да се задржи чиста слика. Со грижливост кон животната средина, во новиот на IS двоглед Canon користи безоловно стакло.
|