Голем закосен LCD екран Благодарение на неговиот дизајн на извлекување во лак, овој калкулатор со 12 цифри се одликува со голем закосен LCD екран, за да можете лесно да ги прочитате сите бројки со еден поглед, во разни услови на осветлување. Кориснички прилагодениот распоред - со јасна тастатура и големи копчиња, означени по боја - обезбедуваат лесно и безгрешно внесување на бројките.
Елегантен и професионален стил Овој компактен и темно сив калкулатор има елегантен и професионален изглед и е дизајниран лесно да се вклопи на вашето биро или на полицата.
Еколошки Овој калкулатор го ограничува неговото влијание врз животната средина, бидејќи неговото пластично куќиште е направено од пластиката на рециклираните копири од Canon, а користи батерија која не содржи жива. Тој е идеалното решение за јавни и за приватни организации кои ја применуваат политиката на зелена изработка - како за сите одговорни претпријатија, така и за образовните институции и за еколошки свесните поединци.
Заштедува енергија Каква и да е осветленоста, овој калкулатор со двојно напојување, соларно и на батерија, никогаш нема да ве изневери. Доколку AS-120R не се користи 7 минути, функцијата за "автоматско исклучување" едноставно го исклучува калкулаторот за да заштеди енергија.
Сеопфатни функции Функцијата за повторен приказ кај AS-120R овоможува да ги прегледате пресметките. Може да се движите напред или назад низ пресметките дури до 120 чекори и да правите корекции каде што е потребно. Други практични копчиња се копчиња за автоматска проверка, поместување, проценти, промена на знак, квадратен корен и сите други стандардни функции кои можат да се очекуваат од еден калкулатор на Canon.
|