Стил кој заштедува простор Со широчина од само 100mm, тенкиот и стилски AS-120Ri со 12 цифри и со својот LCD екран кој е закосен нагоре навистина заштедува простор. Големината колку дланка го прави идеален за канцелариска и домашна употреба, како и за луѓе кои се во движење. Неговото куќиште во форма на лак со сребрена металик боја изразува професионален имиџ, без разлика во какво работно опкружување се наоѓате.
Финансиски функции кои заштедуваат време AS-120Ri е специјално дизајниран земајќи ги во предвид динамичните професионалци за пресметување трошоци и финансии. За заштедување на време, функцијата за проверки и корекции може да содржи до 120 чекори за пресметка во нејзината меморија. Корисниците можат да ги придвижуваат пресметките и да ги прегледуваат со притиснување на копчето за автоматска проверка, вршејќи и зачувувајќи промени додека работат. Копчињата за меморија ви овозможуваат да ги додадете или одземете прикажаните броеви. А како што може да очекувате од еден калкулатор од Canon, овој ефикасен модел ги содржи сите вообичаени функции кои заштедуваат време, вклучувајќи квадратен корен, процент и посебни копчиња за 0 и 00, како и индикатор на разделник за 3 цифри.
Брзо, прецизно притиснување на копчињата Ергономично дизајнирани, големите 29 копчиња се просторно распоредени за лесно користење. Згора на тоа, функцијата на преминување на копчињата овозможува брзо, последователно и прецизно внесување на цифри.
Долготрајна енергетска ефикасност За разлика од некои калкулатори кои мора да се фрлат откако батеријата ќе се потроши, AS-120Ri се одликува со заменлива батерија која го продолжува работниот век на вашиот калкулатор. Тој се одликува и со двојно напојување, со кое можете да направите енергетски ефикасен избор. За дополнително зачувување на ресурсите на батеријата, AS-120Ri автоматски ќе се исклучи за 7 минути доколку не се користи.
|