Стилски и професионален AS-2200 со 12 цифри е дизајниран земајќи ги во предвид и стилот и практичноста. Елегантното и заоблено куќиште не само што изгледа професионално, туку и лесно се вклопува на бирото или полицата.
Екран со прилагодливо закосување Голем, јасен и прилагодлив LCD панел за приказ кој го минимизира одблесокот и одбивањето на светлината. За оптимална читливост панелот може да се закоси за да одговара во сите услови на осветлување.
Еколошки дизајн Стилот не се добива по цена на животната средина. Горното и долното куќиште на AS-2200 се произведени од рециклираниот материјал на копири од Canon, а батеријата не содржи жива. Тој е идеалното решение за организациите кои ја применуваат политиката за зелена изработка - како за сите одговорни претпријатија, така и за образовните институции и за еколошки свесните поединци.
Штеди енергија Двојниот извор на напојување со енергија - соларно и со батерија која не содржи жива - обезбедува енергетски ефикасно и сигурно користење во услови со лошо осветлување. Доколку AS-2200 не се користи, функцијата за "автоматско исклучување" едноставно го исклучува калкулаторот за да заштеди енергија.
Сеопфатни функции Калкулаторот AS-2200 нуди голем опсег на функции. Прекинувачот на лизгање обезбедува едноставно избирање на децималната запирка и заокружување. Меморијата за вкупна сума автоматски ги собира крајните резултати. Во останатите практични копчиња спаѓаат зголемување, обратен редослед и сите други стандардни функции кои можат да се очекуваат од еден калкулатор на Canon.
|