Стилскиот AS-2600, калкулатор за на маса со двојно напојување и 16 цифри, се одликува со прилагодлив LCD екран. Делумно изработен од рециклирани материјали од Canon, без никакво намалување на перформансите.
|
Одличен стил, сигурни перформанси Благодарение на неговото куќиште во вид на лак, AS-2600 со 16 цифри изгледа професионално во секоја прилика. Неговите обемни функции се дизајнирани за универзална употреба, со кои најсложените пресметки ги прави едноставни.
Ергономски и одржлив
Некои пластични компоненти од одлично дизајнираниот AS-2600 се направени од рециклирани материјали од Canon. Овој калкулатор е идеален избор за организации и лица кои сакаат да го намалат секојдневното штетно влијание врз животната средина.
Пресметување на маржи без напор Функцијата за пресметување на маржи кај AS-2600 овозможува извршување на пресметки за набавна цена, продажна цена и маржа со притиснување на едно копче. Идеален за брзо добивање на прецизни продажни цени и пресметување на профит. Прекинувачот на лизгање обезбедува едноставно избирање на децималната запирка и заокружување. Згора на тоа, неговото копче за меморија врши автоматско собирање на сумите. Освен тоа, на располагање ви стојат сите стандардни функции, вклучувајќи ги функциите за обратен редослед, процент, промена на знак и квадратен корен, заедно со сите 29 копчиња спакувани во цврсто, професионално куќиште во темно сива боја.
Читлив и прилагодлив панел за приказ Вртете и прилагодувајте го аголот на големиот, прилагодлив LCD екран според ваша желба и условите на осветлување. Овозможува појасно отчитување и ги елиминира одблесоците и рефлектирањето на светлината.
Енергетски ефикасен двоен извор на напојување Користејќи соларна енергија и батерија, AS-2600 беспрекорно функционира насекаде и во секое време, без разлика на условите на осветлување. Доколку заборавите да го исклучите овој калкулатор, функцијата за автоматско исклучување автоматски ќе го направи тоа во рок од 7 минути. Зголемено намалување на потрошувачката на енергија.
|