Врвен стил и нумерички перформанси AS-888 со 16 цифри е дизајниран земајќи ги во предвид и стилот и канцелариската функционалност. Неговото куќиште во форма на лак не само што изгледа професионално, туку и уредно се сместува на секоја канцелариска работна маса. Лесно пресметувајте профит и продажни цени со помош на неговата едноставна функција за зголемување/намалување.
Поодржлив дизајн Покрај неговиот ергономски стил, калкулаторот AS-888 во темно сива боја го намалува влијанието врз животната средина, важна карактеристика за сите организации и лица во моментот. Некои негови пластични компоненти се изработени од рециклирани материјали земени од производите на Canon.
Енергетска ефикасност Благодарение на неговиот двоен извор на напојување од соларна енергија и батерија, AS-888 беспрекорно функционира без разлика на условите на осветлување. За дополнително заштедување на енергија, доколку не се користи во период од 7 минути, функцијата за "автоматско исклучување" го исклучува калкулаторот.
Читлив екран За појасно отчитување на цифрите, вртете и прилагодувајте го аголот на големиот, исправен LCD екран кој ја оптимизира читливоста во сите услови на осветлување. Дури и по долготрајно користење.
Практични, едноставни функции на производот Компатибилен во секое канцелариско опкружување, овој калкулатор со 16 цифри се одликува со огромен опсег на корисни функции. Прекинувачот на лизгање обезбедува практично избирање на децималната запирка и заокружување. Благодарение на двојната меморија, лесно може да складирате и пронајдете повеќе суми. Во останатите практични копчиња спаѓаат копчињата за зголемување/намалување, промена на знак, процент, квадратен корен и бришење. Крајниот резултат е достапен, ергономски и напредeн калкулатор кој е едноставен за користење.
|