Првиот анти-бактериски калкулатор на Canon ќе овозможи хигиенско вршење пресметки во канцелариите, училиштата, болниците и на сите јавни места. Тој е произведен со употреба на рециклиран материјал, така што тој истовремено е чист и еколошки.
|
Споделете ефикасност без да ги споделите и микробите При секоја употреба на калкулаторот може да дојде до таложење на бактериите на куќиштето и горниот дел од копчињата. Анти-бактерискиот калкулатор на Canon ќе ви помогне да ги избегнете потенцијалните хигиенски проблеми, со помош на одобрениот неоргански агенс против микроби* нанесен на горната страна од пластичното куќиште и копчињата. Тој го спречува или намалува присуството на бактерии – така што овој калкулатор е идеален за употреба во големите отворени канцеларии, училиштата, кантините, болниците и сите други јавни места. За заедничко или индивидуално користење, ова е најбезбедниот избор.
Произведен со користење на рециклиран Canon материјал Овој средно голем калкулатор со 12 цифри е така прозведен што 100% рециклиран материјал од Canon копирите е искористен за изработка на долниот дел од калкулаторот. Со ова се максимизира ефикасноста во поглед на ресурсите и се минимизира отпадот. Во поглед на безбедното користење и одговорноста кон околината, уникатниот HS-121TGA калкулатор е вистински предводник.
Ефикасна заштеда на енергија HS-121TGA се одликува со практичен двоен извор на напојување со енергија. Соларното напојување нуди максимално зачувување на енергијата, додека благодарение на резервното напојување со батерија овој калкулатор никогаш нема да ве изневери, без оглед на осветленоста.Соларното напојување овозможува максимално зачувување на енергија, а можноста за напојување на резервната батерија со енергија, значи дека овој калкулатор никогаш нема да ве изневери, независно од условите на осветленост. За дополнителна заштеда на енергија, функцијата за ’автоматско исклучување’ го исклучува калкулаторот кога не е во употреба. За подолг работен век, вашиот калкулатор има и заменлива батерија, за разлика од некои калкулатори кои мора да се фрлат откако батеријата ќе се истроши.
Функција за даночни пресметки која ќе ви заштеди време Определете ги диференцијалните даночни стапки со еден допир, благодарение на двете практични копчиња за даночни пресметки. Останатите функции вклучуваат ‘знак за команда за пресметување’ на екранот за проверка на статусот на калкулаторот, пресметка на константи, практични преклопници со повлекување за заокружување и децимали – како и копчиња за вкупна сума, алтернативна функција, промена на знак и процент.
Голем LCD екран Големиот LCD екран под агол овозможува брзо и лесно читање на бројките. Просторната тастатура и големите трајни копчиња овозможуваат прецизно користење без напор. HS-121TGA е достапен во две бои - стилска бела или елегантна црна. Без разлика што очекувате од вашиот калкулатор, ова интелигентно решение ќе ви понуди повеќе... нудејќи комбинација на анти-бактериска предност, грижа за околината и севкупна ефикасност на пресметките.
* Одобрен од Управата за храна и лекови на САД. Тестовите за ефикасност против микроби се спроведени и потврдени од страна на Здружението за индустриска технологија за артикли против микроби (SIAA) ISO 22196 (JIS Z2801).
|