Мини-калкулатор , макси функционалност
12-цифрениот мини-калкулатор LS-123TC е компактен и лесен - овозможувајќи пренослива практичност. Ставете ко каде што сакате и искористете ги предностите од палетата лесни-за-користење, разновидни функции. Искористете ги предностите од точни пресметки во секоја прилика.
Голем ЛЦД екран
И покрај својата компактна големина, овој калкулатор има голем ЛЦД екран. Екстра-големите знаци овозможуваат да ги прочитате бројките со еден поглед. Јасна тастатура со големи копчиња, означени по боја, овозможува брзо внесување на бројките. Функцијата на преминување на копчињата овозможува брзо внесување без блокирање на копчињата.
Функции на даночни пресметки и конверзија на валути
Упростете ги комплексните пресметки и заштедете време. Пресметувајте даночни стапки со едно притискање, благодарение на двете пригодни копчиња за даночни пресметки. Брзо и едноставно конвертирајте ја вашата локална валута во која било валута по избор - со помош на двете независни копчиња за конверзија на валути.
Моментално проверете го статусот на калкулаторот со копчето Calculation Command sign. Останатите функции вклучуваат меморија со 3 копчиња, како и копчиња за промена на знак, бришење наназад, процент и за квадратен корен.
Елегантен, стилски дизајн
Овој калкулатор со тенка става има елегантен, стилски дизајн. Металик сребрената завршна обработка и јасните, истакнати копчиња креираат привлечна комбинација на бои. Користете го дома или во канцеларија и тој ќе додаде чувство на елеганција на сите опкружувања.
Практичен двоен извор за напојување
Калкулаторот LS-123TC се напојува и соларно и на батерија. Какви и да се условите на осветление, тој никогаш нема да ве изневери.
|