За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Калкулатори за на маса > LS-80TEG

Canon LS-80TEG
Калкулатори

LS-80TEG

Овој мал калкулатор за на маса со 8 цифри е направен со користење на рециклиран Canon материјал за да се помогне во зачувувањето на околината. Тој се одликува со голем LCD екран и практични функции за деловни и даночни пресметки.

Карактеристики

  • Горното/долното куќиште и капачето за батеријата се направени со користење на рециклиран материјал од копирите на Canon
  • Двоен извор на напојување со енергија: соларно и со заменлива батерија
  • Функции за претворање на даночна и евро валута
  • Голем LCD екран
  • Интелигентен дизајн, стилски тонови
  • Автоматско исклучување за заштеда на енергија
Стекнете еколошка предност



Подобрување на еколошките перформанси
LS-80TEG е мал калкулатор за на маса со 8 цифри кој е направен да ја подобри ефикасноста и еколошките перформанси. За зачувување на ресурсите и намалување на трошењето, горното куќиште, долното куќиште и капачето за батеријата на калкулаторот се направени со користење на 100% рециклиран материјал од копирите на Canon. Тој претставува совршено решение за совесни индивидуални лица и компании со политика за еколошки набавки. Тој ги задоволува потребите на големите претпријатија кои работат според IS0 14001 сертифицираните стандарди за ракување на начин кој не и штети на околината.

Енергетска ефикасност и подолг работен век на производот
Двојниот извор на напојување со енергија обезбедува енергетска ефикасност. Калкулаторот користи заменливи батерии за подолг работен век на производот - за разлика од некои калкулатори кои мора да се фрлат откако батеријата ќе се истроши. Исто така, работи на соларна енергија за максимална заштеда на енергија. За дополнителна заштеда на енергија, функцијата за ’автоматско исклучување’ го исклучува калкулаторот по 7 минути ако тој не се користи.

Практични функции за претворање на даночна и евро валута
Практичните функции за претворање на даночна и евро валута го прават овој мал калкулатор совршен и за канцелариска и за домашна употреба. Определете ги даночните стапки со еден допир и набрзина претворете ги валутите со леснотија. Исто така, LS-80TEG ги содржи и сите стандардни функции, кои можат да се очекуваат од еден калкулатор на Canon, со кои се овозможува ефикасност при пресметувањето.

Голем LCD екран
И покрај неговата компактна големина, овој мал калкулатор за на маса има голем LCD екран за јасен преглед на знаците само со еден поглед. Исто така, има просторна тастатура и големи, удобни копчиња за брзо и едноставно внесување цифри.

Интелигентен дизајн, стилски тонови
LS-80TEG, кој заштедува простор, е дизајниран лесно да се вклопи на вашето биро - или секаде каде што ви е потребен. Со интелигентната завршна обработка во сива и златна боја, тој придодава стилски изглед на вашето опкружување.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Сродни производи
Рачни калкулатори
Научни калкулатори
Калкулатори со Bubble Jet печатење
Преносни калкулатори со печатач
Канцелариски калкулатори со печатач
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба