За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Калкулатори за на маса > WS-1210T

Canon WS-1210T
Калкулатори

WS-1210T

12-цифрен калкулатор за на работна површина, кој нуди пригодни функции на даночни пресметки и ЛЦД панел со можност за регулирање. Со тастатура со ’ИТ-чувство’, двоен извор на напојување и професионална црна завршна обработка.

Карактеристики

  • Даночни пресметки плус широка палета други функции
  • ЛЦД панелот се регулира
  • Тастатура со ’ИТ-чувство’
  • Двоен извор на напојување: на батерија и соларно
  • Компактен и лесен со елегантен и професионален изглед
12-цифрен калкулатор за на работна површина со даночни функции и со прилагодена тастатура со ИТ-чувство



Исцрпни функции со даночни пресметки

12-цифрениот калкулатор WS-1210T нуди широка палета функции. Трите копчиња за даночни пресметки ги обработуваат даночните стапки со еден допир. Лизгачот овозможува лесно избирање на децимална точка и заокружување. Меморијата за вкупен збир автоматски ги акумулира збировите. Останатите практични копчиња вклучуваат означување, промена на знак, обратно како и и сите редовни функции, што ги очекувате од еден Canon калкулатор.

ЛЦД панелот се регулира

Голем и јасен ЛЦД панел, што може да се регулира, ги минимизира блескањето и одбивањето на светлината. Едноставно навалете го панелот за оптимална читливост и удобност во секакви услови на осветленост. Бројките остануваат лесни за читање дури и по долготрајно користење.

Кориснички прилагодена тастатура со ’ИТ-чувство’

Просторната тастатура на Canon со ’ИТ-чувство’, овозможува лесно и ефикасно ракување. Концептот е базиран на дизајн на компјутерска тастатура, за стабилни и точки внесувања. Функцијата на преминување на копчињата овозможува брзо внесување без блокирање на копчињата. Големите врвови на копчињата, означени по боја, се издржливо лиени за да поднесат напорна работа.

Практичен двоен извор за напојување

Двојно напојување, соларно и на батерија, овозможува сигурно користење каде и да сте - без оглед на условите на осветленоста.

Елегантен и професионален стил

Овој компактен и лесен црн калкулатор има елегантен и професионален изглед. Тој е конструиран лесно да се вклопи на вашето биро или на полицата.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Сродни производи
Рачни калкулатори
Научни калкулатори
Калкулатори со Bubble Jet печатење
Преносни калкулатори со печатач
Канцелариски калкулатори со печатач
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба