Овој компактен 12-цифрен калкулатор има елегантен, хоризонтален стилски дизајн, со екстра-голем ЛЦД. Тој ги задоволува сите ваши пресметковни потреби, вклучувајќи функции на даночна пресметка и на конверзија на валута.
|
Лесно гледање и внесување на бројките Компактниот 12-цифрен калкулатор WS-220TC има иновативен, хоризонтален облик, со широко куќиште. Ергономичниот дизајн овозможува доволно простор за екстра-голем ЛЦД екран. Гледајте ги сите знаци јасно, без напрегање на очите, дури и при постојано користење. Тастатурата е подеднакво просторна, нудејќи големи копчиња, шифрирани по боја за брзо и безгрешно внесување на бројките. Отпорните врвови на копчињата и издржливиот дизајн обезбедуваат сигурност.
Упростете ги даночните пресметки и конверзијата на валути Упростете ги комплексните пресметки и заштедете време. Пресметувајте диференцијални даночни стапки со едно притискање, благодарение на двете пригодни копчиња за даночни пресметки. Двете независни копчиња за конверзија на валута се подеднакво корисни. Брзо и едноставно конвертирајте ја вашата локална валута во која било валута по избор - или обратно. Опцијата ‘command sign’ ви дозволува моментално да го проверите статусот на данокот, локалната валута или меморијата. Лизгачите овозможуваат лесно избирање на децимална точка и заокружување. Останатите опции вклучуваат пресметка на константа и меморија со 3 копчиња, како и копчиња за промена на знак, процент, квадратен корен, поместување и за бришење.
Професионален стил Со својата елегантна црна боја и хоризонталниот дизајн, WS-220TC донесува професионален стил во вашите канцеларии. Доволно компактен за да го поставите крај тастатурата, тој овозможува практична моќ на пресметување, на дофат на прстите.
Практичен двоен извор за напојување Калкулаторот WS-220TC се напојува и соларно и преку батерија, така што никогаш нема да ве изневери, без оглед на осветленоста. Функцијата за автоматско исклучување ја чува моќта на батериите кога не го користите калкулаторот.
|