Исцрпни функции со даночни пресметки 16-цифрениот калкулатор WS-1610T нуди широка палета функции. Трите копчиња за даночни пресметки ги обработуваат даночните стапки со еден допир. Лизгачот овозможува лесно избирање на децимална точка и заокружување. Меморијата за вкупен збир автоматски ги акумулира збировите. Останатите практични копчиња вклучуваат означување, промена на знак, обратно како и и сите редовни функции, што ги очекувате од еден Canon калкулатор.
ЛЦД панелот се регулира
Голем и јасен ЛЦД панел, што може да се регулира, ги минимизира блескањето и одбивањето на светлината. Едноставно навалете го панелот за оптимална читливост и удобност во секакви услови на осветленост. Бројките остануваат лесни за читање дури и по долготрајно користење.
Кориснички прилагодена тастатура со ’ИТ-чувство’
Просторната тастатура на Canon со ’ИТ-чувство’, овозможува лесно и ефикасно ракување. Концептот е базиран на дизајн на компјутерска тастатура, за стабилни и точки внесувања. Функцијата на преминување на копчињата овозможува брзо внесување без блокирање на копчињата. Големите врвови на копчињата, означени со боја, се издржливо лиени за да поднесат напорна работа.
Практичен двоен извор за напојување
Двојно напојување, соларно и на батерија, овозможува сигурно користење каде и да сте - без оглед на условите на осветленоста.
Елегантен и професионален стил
Овој компактен и лесен црн калкулатор има елегантен и професионален изглед. Тој е конструиран лесно да се вклопи на вашето биро или на полицата.
|