Зголемување на ефикасноста, зачувување на ресурсите Овој интелигентен 12-цифрен калкулатор за на маса поставува нови стандарди - во стил, ефикасност и водење сметка за животната средина. Содржи голем и јасен LCD екран изработен со употреба на 100% преостанат материјал од производството на призма објективи за дигиталните камери на Canon. На овој начин се зголемува ефикасноста на ресурсите и се намалува отпадот - правејќи го X MARK 1 омилен калкулатор за одговорните менаџери, професионалци и индивидуални лица кои се свесни за проблемите на животната средина.
100% сончево напојување - без батерии, без отпад Секоја година се фрлаат милиони калкулатори, а голем дел од нив се со батерии што не можат да се заменат. X MARK 1 калкулаторот целосно се напојува со сончева енергија, користејќи природна, обновлива енергија. Воопшто не содржи батерија, па оттука нема штетен отпад. За уште повеќе да се намали отпадот, за амбалажирање на калкулаторот се користи рециклирана хартија.
Погодни деловни функции Автоматски пресметајте ги вашите маржи на заработувачка со одделните копчиња за набавна-продажна цена-маржа, без потреба од сложени формули. Тоа е најлесниот начин да се поедностават сложените пресметки и да се заштеди време. Во другите функции се вклучени и меморија за вкупен збир, како и копчиња за алтернативна функција, проценти, промена на знаци и квадратен корен. Функцијата на преминување со прстот преку копчињата овозможува брзо внесување на бројки без блокирање на копчињата.
Софистициран, долготраен дизајн Елегантен и стилски, X MARK 1 калкулаторот има убава, сјајна површина – достапна во блескава бела или прекрасна црна боја – со елегантен алуминиумски долен дел. Тенкото хармонично тело има внатрешен екран поставен под агол за полесно гледање. Калкулаторот е траен и сигурен, што е подеднакво важно. Калапот на врвовите на копчињата е двојно полнет, па втиснатите знаци и симболи не избледнуваат дури ни со постојана употреба. Сето ова придонесува за добивање на врвен стил, сигурност и одговорност кон животната средина.
|