Рачен калкулатор со издржлив капак
Земете го 8-цифрениот рачен калкулатор LC-211L, на Canon, секаде каде што одите и ќе бидете подготвени за брзи пресметки на лице место. Тој е опремен со издржлив капак што се крева нагоре, кој може да се ротира за 360 степени, така што нема да ви стои на патот кога работите. Затворете го и калкулаторот е целосно заштитен.
Елегантен и професионален стил
Овој лесен црн калкулатор има елегантен и професионален изглед. Со тежина од само 41 грам, тој е доволно компактен за да му најдете место во актовката или во џебот од палтото. Обезбедува практична моќ за пресметки во движење, директно на вашата дланка.
Практични функции
Практичните функции го прават LC-211L идеален за секојдневна употреба. Тие вклучуваат меморија со 3 копчиња, како и копчиња за процент и за квадратен корен. Големите врвови на копчињата, означени со боја, обезбедуваат ракување без мака, а уредот се напојува преку батерија.
Јасен ЛЦД панел
И покрај компактната големина, овој рачен калкулатор има јасен ЛЦД панел за лесно читање на бројките.
|