Пренослива врска со компјутер
Поврзете го 12-цифрениот рачен калкулатор LS-12PC II директно на вашиот лаптоп со помош на испорачаниот USB кабел. Забрзајте го вашиот работен тек каде и да одите - со комбинирање на работата со калкулаторот и со компјутерската работна табела во една единствена постапка.
Практична функција на тастатурата
Ставете го калкулаторот во режим на компјутер, и практичната функција на тастатура ќе ги направи пресметките на екранот екстра-лесни. Копчето покажувач ви овозможува да ги поставувате внесувањата во кое било потребно поле. Кога е во режим на калкулатор, едноставно притиснете го копчето ’Испрати’ (Send) за веднаш да внесувате бројки и формули во компјутерските апликации.
Голем ЛЦД екран
И покрај својата компактна големина, LS-12PC II има голем ЛЦД екран, така што можете да ги читате бројките со еден поглед. Јасната тастатура со издржливи копчиња обезбедува лесно користење. Функцијата на преминување на копчињата овозможува брзо внесување на бројки без блокирање на копчињата.
Практични функции на даночни пресметки
Упростете ги комплексните пресметки и заштедете време. Двете независни копчиња за даночна пресметка со само еден допир ги додаваат или одземаат однапред утврдените даночни стапки. Статусот на калкулаторот можете моментално да го проверите со копчето Calculation Command sigн. Другите функции вклучуваат меморија, процент, копчиња за бришење наназад и за поставување на децимална точка.
Лесен, стилски дизајн
Со компактен, лесен дизајн и со стилска светло сребрена завршна обработка, калкулаторот LS-12PC II е совршениот партнер за вашиот лаптоп. Без оглед дали го користите во канцеларија, дома или на пат, овој елегантен калкулатор комбинира атрактивен изглед со продуктивна функционалност.
Двоен извор за напојување
Калкулаторот LS-12PC II се напојува и соларно и преку батерија, така што никогаш нема да ве изневери, без оглед на осветленоста. За да штеди енергија, функцијата за ’автоматско исклучување’ го исклучува калкулаторот кога не го користите.
|