Компактна сигурност
Кога патувате, на овој стилски и лесен 12-цифрен рачен калкулатор лесно ќе му најдете место во актовката или во џебот од палтото. Подеднакво пригоден за дома и за во канцеларија, тој е извонредно лесен за користење, обезбедува точни пресметки и нуди палета разновидни функции.
Практични даночни пресметки и конверзија на валути
Поедноставете ги комплексните пресметки и заштедете време. Пресметувајте цени со едно притискање, со или без данок, благодарение на двете пригодни копчиња за даночни пресметки. Брзо и едноставно конвертирајте ја вашата локална валута во која било валута по избор - или обратно - со помош на независните копчиња за конверзија на валути.
Моментално проверете го статусот на калкулаторот
Опцијата ‘command sign’ ви дозволува моментално да го проверите статусот на данокот, локалната валута или меморијата. Разновидноста ја дополнуваат меморија со 3 копчиња и копчиња за промена на знак, бришење наназад, процент и за квадратен корен.
Луксузен изглед
Со елегантна, металик сребрена завршна обработка на горното куќиште и со тенок, лесен дизајн, LS-22TC изгледа и се чувствува луксузно. Користете го насекаде и искористете ги предностите, како од стилот така и од едноставноста.
Просторна тастатура, јасен ЛЦД екран
И покрај компактната големина, овој калкулатор има просторна тастатура со големи копчиња, шифрирани по боја за лесно внесување на бројките. Јасниот ЛЦД ви овозможува да ги прочитате бројките со еден поглед.
Практичен двоен извор за напојување
Калкулаторот LS-22TC се напојува и соларно и преку батерија, така што никогаш нема да ве изневери, без оглед на осветленоста. Функцијата за автоматско исклучување ја чува моќта на батериите кога не го користите калкулаторот.
|