За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Рачни калкулатори > LS-24TC

Canon LS-24TC
Калкулатори

LS-24TC

Овој компактен 14-цифрен рачен калкулатор има луксузна металик сребрена завршна обработка. Практичните функции за даночна пресметка и за конверзија на валути го прават идеален за користење по пат, како и за дома или во канцеларија.

Карактеристики

  • 14-цифрен рачен калкулатор
  • Функции на даночни пресметки и конверзија на валута
  • Практична опција ‘command sign’
  • Луксузна сребрена металик завршна обработка
  • Просторна тастатура, јасен ЛЦД екран
  • Двоен извор на напојување: соларно и на батерија
Стилски 14-цифрен рачен калкулатор со функции на даночна пресметка и на конверзија на валути



Точност која секогаш е при рака
Кога сте во движење, овој 14-цифрен рачен калкулатор обезбедува точните пресметки секогаш да ви се при рака. LS-24TC е доволно компактен и лесен за да му најдете место во џебот од палтото или во чантата. Палета од разновидни функции го прави подеднакво корисен и за во канцеларија и за дома.

Практични даночни пресметки и конверзија на валути

Поедноставете ги комплексните пресметки и заштедете време. Пресметувајте цени со едно притискање, со или без данок, благодарение на двете пригодни копчиња за даночни пресметки. Брзо и едноставно конвертирајте ја вашата локална валута во која било валута по избор - или обратно - со помош на независните копчиња за конверзија на валути.

Моментално проверете го статусот на калкулаторот

Опцијата ‘command sign’ ви дозволува моментално да го проверите статусот на данокот, локалната валута или меморијата. Разновидноста ја дополнуваат меморија со 3 копчиња и копчиња за промена на знак, бришење наназад, процент и за квадратен корен.

Луксузен изглед

Со елегантна, металик сребрена завршна обработка на горното куќиште и со тенок, лесен дизајн, LS-24TC изгледа и се чувствува луксузно. Користете го насекаде и искористете ги предностите, како од стилот така и од едноставноста.

Просторна тастатура, јасен ЛЦД екран

И покрај компактната големина, овој калкулатор има просторна тастатура со големи копчиња, шифрирани по боја за лесно внесување на бројките. Јасниот ЛЦД ви овозможува да ги прочитате бројките со еден поглед. Уживајте во лесното користење при сите ваши пресметки.

Практичен двоен извор за напојување

Калкулаторот LS-24TC се напојува и соларно и преку батерија, така што никогаш нема да ве изневери, без оглед на осветленоста. Функцијата за автоматско исклучување ја чува моќта на батериите кога не го користите калкулаторот.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Сродни производи
Калкулатори за на маса
Научни калкулатори
Калкулатори со Bubble Jet печатење
Преносни калкулатори со печатач
Канцелариски калкулатори со печатач
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба