Создаден за компании и лица кои се грижат за околината, калкулаторот за во рака со 10 цифри на Canon, со функции за даночна и евро валута, се произведува со користење на рециклиран Canon материјал.
|
Стилски и сериозен LS-10TEG е стилски калкулатор за во рака за луѓе и компании кои се сериозни во врска со зачувувањето ресурси. За да се намали трошењето, се користи 100% рециклиран материјал од копирите на Canon за изработка на горното куќиште, долното куќиште и капачето за батеријата на калкулаторот – како и тврдото заштитно куќиште. Тој е совршен за совесни индивидуални лица и компании со политика за еколошки набавки. Тој ги задоволува потребите на големите претпријатија кои работат според IS0 14001 сертифицираните стандарди за ракување на начин кој не и штети на околината.
Енергетска ефикасност и подолг работен век на производот Двојниот извор на напојување со енергија обезбедува енергетска ефикасност. Калкулаторот користи заменливи батерии за подолг работен век на производот - за разлика од некои калкулатори кои мора да се фрлат откако батеријата ќе се истроши. Исто така, работи на соларна енергија за максимална заштеда на енергија. За дополнителна заштеда на енергија, функцијата за ’автоматско исклучување’ го исклучува калкулаторот по 7 минути ако тој не се користи.
Практични функции за претворање на даночна и евро валута Практичните функции за претворање на даночна и евро валута го прават овој калкулатор за во рака совршен за канцелариска и домашна употреба – како и при патувања. Определете ги даночните стапки со еден допир и набрзина претворете ги валутите со леснотија. Овој калкулатор со 10 цифри ги содржи и сите стандардни функции кои можат да се очекуваат од Canon и со кои се овозможува ефикасност при пресметувањето.
Голем LCD екран И покрај неговата компактна големина, LS-10TEG има голем LCD екран за јасен преглед на знаците само со еден поглед. Исто така, има просторна тастатура и големи, удобни копчиња за брзо и едноставно внесување цифри.
Интелигентен дизајн со практичен тврд капак Овој интелигентен, тенок и лесен калкулатор е идеален придружник во канцеларијата, во домот или додека патувате. Ставете го во вашата актовка, чанта или џеб, а практичниот тврд капак, со целосна ротација од 360 степени, ќе го заштити екранот и тастатурата.
|