Користете го овој модерен, преклопив 12-цифрен калкулатор каде и да одите. Тој е опремен со екстра-голем ЛЦД екран, како и со функции за даночна пресметка и за конверзија на валута, кои штедат време.
|
Пренослива моќ на пресметување
Земете го овој преклопив 12-цифрен калкулатор каде и да одите - и искористете ги предностите од пресметување на дофат на прстите. Компактен и лесен, тој нуди палета на разновидни функции кои се ефикасни и екстра-лесни за користење.
Модерен и функционален
Модерниот и функционален цврст капак има елегантна црна завршна обработка со металик спреј на горната страна. Калкулаторот е целосно заштитен кога го носите во џебот, чантата или актовката. Кликнете за да го отворите и ќе добиете подеднакво елегантна внатрешност.
Голем ЛЦД екран, лесен-за-читање
И покрај својата компактна големина, овој преклопив калкулатор има екстра-голем ЛЦД екран, така што можете да ги прочитате сите бројки со еден поглед. Кориснички прилагодениот распоред - со јасна тастатура и големи копчиња, означени по боја - обезбедува лесно и безгрешно внесување на бројките.
Функции на даночни пресметки и конверзија на валута
Упростете ги комплексните пресметки и заштедете време. Двете пригодни копчиња за даночна пресметка со само еден допир ги додаваат или одземаат однапред утврдените даночни стапки. Независните копчиња за конверзија на валута ја конвертираат ја вашата локална валута во која било валута по избор - брзо и едноставно.
Останатите корисни функции вклучуваат меморија со 3 копчиња, како и копчиња за промена на знак и за процент.
Практичен двоен извор за напојување
Калкулаторот LS-355TC се напојува и соларно и преку батерија, така што никогаш нема да ве изневери, без оглед на осветленоста. За да штеди енергија, функцијата за ’автоматско исклучување’ (auto power-off) го исклучува калкулаторот кога не го користите.
|