Со 12-цифрен капацитет, знаците на екранот на MP120-LTS се екстра-големи, што ги прави лесни за читање. Читливоста уште повеќе ја зголемува 2-боен екран со течни кристали и со заднинско светло. Позитивните пресметки се прикажани со зелена, а негативните со црвена. Апаратот ви до знаење и доколку дојде го грешка, прикажувајќи ги грешките во црвено.
Печатејќи со максимална брзина од 2,7 реда во секунда, MP120-LTS печати и во виолетово и во црвено.
Со помош на трите посебни копчиња, MP120-LTS изведува пресметки на набавна цена/продажна цена/маржа. На пример, со добавувачот преговарате за цена. Цената на добавувачот е €200, но вие сакате 15% маржа за препродажба. Едноставно ќе впишете 200, проследено со притискање на копчето Sell (продажба), па потоа 15, проследено со притискање на копчето Margin (маржа). На екранот ќе стои 170, проследено со зборот ’Cost’ (набавна цена). Тоа значи дека вашата набавна цена треба да биде €170 за да остварите профит од 15% на препродажбата.
Со помош на назначените копчиња, MP1211-LTS изведува и даночните пресметки.
Напојуван со АС, MP120-LTS е солидно изграден со стабилна, просторна и ергономична тастатура. На располагање се независни копчиња 0, 00 и 000 – со тоа што копчето 0 е практично поголемо во однос на другите.
|