Со 12-цифрен капацитет, MP1211-LTS има екстра-големи знаци на екранот за крајна читливост. Неговиот 2-боен екран со течни кристали има и заднинско светло. Позитивните пресметки се прикажани со зелена, а негативните со црвена. Апаратот исто така ги означува и грешките во црвена, а кога ќе го вклучите напојувањето, ве поздравува со зборот ’Hello’.
Максималната брзина на печатење е 4,1 реда во секунда, со отпечаток во црна и црвена.
Како целосно деловен апарат, MP1211-LTS изведува пресметки на набавна цена/продажна цена/маржа, користејќи ги назначените копчиња. Ако, на пример, за нешто сте платиле €200 и сакате да го продадете со 12.5% профит, едноставно ќе чукнете 200, проследено копчето за набавна цена, па потоа 12,5%, проследено со копчето за маржа. На екранот ќе стои 225, проследено со зборот ’Продажна цена’. Со други зборови, за да добиете 12,5% профит, треба да продавате по €225.
Со помош на копчињата за данок, MP1211-LTS ги изведува и даночните пресметки.
Напојуван со АС, MP1211-LTS е солидно изграден и опремен со просторна тастатура, лесна-за-работа, со големи врвови на копчињата. На располагање се независни копчиња 0, 00 и 000 – со тоа што копчето 0 е практично поголемо во однос на другите.
|