14-цифрениот калкулатор од висок ранг за напорна работа MP1411-LTS, нуди практични функции на даночни и деловни пресметки, за да ја зголеми канцелариската ефикасност, заедно со практичното 2-бојно печатење со лента.
|
Најдобриот избор за бизнис Внесете стручни перформанси во сите ваши деловни и даночни пресметки, со помош на 14-цифрениот калкулатор MP1411-LTS, на Canon. Исцрпната палета опции вклучува функција на вкупен збир, која штеди време, корисна двојна независна меморија, како и пригодно автоматско заокружување (нагоре/надолу/на цел број), плус сите стандардни функции кои би ги очекувале од еден софистициран калкулатор. Тоа е идеален начин да ги поедноставите дури и најкомплексните даночни пресметки. Така што - брзо, лесно и точно - ќе завршите повеќе работа за помалку време.
Јасен екран и чисти отпечатоци
Знаеме дека постојаното работење со бројки може да биде заморно, така што MP1411-LTS е конструиран да го отстрани стресот од работата. Просторна тастатура со големи, удобни копчиња овозможува речиси безгрешно внесување. Големиот 2-боен ЛЦД екран со заднинско светло е лесен за читање и го елиминира непријатното блескање.2-бојното печатење е свежо и чисто, при што позитивните и негативните броеви јасно се разликуваат. Калкулаторот се напојува со АС и подготвен е да се справи со напорна работа, каде и да е потребно - зголемувајќи ги леснотијата и ефикасноста во секоја прилика.
|