За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Рециклирани калкулатори > MP121-MG

Canon MP121-MG
Калкулатори

MP121-MG

Произведен од рециклиран материјал, овој калкулатор со функција за печатење во 2 бои и со 12 цифри нуди широка палета на професионални опции - вклучително и заштеда на време, даночни пресметки и функција за конверзија на валута.

Карактеристики

  • Печатарски калкулатор произведен од рециклирани фотокопири на Canon
  • Печатење во 2 бои, 2,3 линии во секунда
  • Голем LCD дисплеј и пространа тастатура
  • Функции за деловни и даночни пресметки и конверзија на валута
  • Функција за часовник и календар
  • AC напојување
“Зелен“ калкулатор со функција за печатење во 2 бои и со 12 цифри, со професионални функции



Заштеда на ресурси, заштеда на време
MP121-MG е првиот калкулатор со функција за печатење, кој користи 100% рециклиран материјал од фотокопири на Canon за мал шрифт, како и пластична батерија и капаци на печатарската глава. Ова помага да се заштедат вредни ресурси, и благодарение на професионалниот перформанс на овој калкулатор, вие исто штедите и на време.

Оваа добитничка комбинација го прави идеално решение за јавни и приватни организации со Политика за еколошки набавки, како и за компании и индивидуални лица со развиена еколошка свест.

Продуктивно печатење во 2 бои.
Валјакот за печатење со мастило во 2 бои обезбедува позитивните бројки да бидат јасно отпечатени во црна боја, додека пак негативните бројки се прикажани во црвена боја. Брзината на печатење е голема, 2,3 линии во секунда.

Голем LCD дисплеј, пространа тастатура
Големиот исправен и под агол LCD дисплеј и големите карактери овозможуваат бројките веднаш да бидат читливи. Пространата тастатура ‘стабилен удар’ (stable stroke) со големи, издржливи копчиња во боја овозможува лесно и скоро безгрешно внесување на бројките.

Професионални деловни пресметки
Поедноставете ги комплексните пресметки и заштедете време. Автоматски пресметајте ги вашите профитни маржи со засебните копчиња трошок-продажба-маржа, без потреба од сложени формули. Определете ги диференцијалните даночни стапки со еден допир, благодарение на двете пригодни копчиња за даночни пресметки. Исто така, претворете ја локалната валута во валута по ваш избор, или обратно, брзо и едноставно - со користење на копчињата за конверзија.

Голема палета на функции
Водете евиденција за се, со практичната функција Часовник и календар и за прикажување на дисплеј и за печатење. Засебните лизгачки избирачи за децимали, заокружување, вкупен резултат и броење на ставки дополнително ја олеснуваат работата и ја зголемуваат целосната функционалност. Други предности вклучуваат не-додавање, дополнителна функција процент/дисконт и копчиња за менување.

AC напојување
Калкулаторот MP121-MG се поврзува на стандардно AC напојување. Направен од рециклирани материјали, тој ги исполнува најригорозните критериуми за квалитет - со цел обезбедување на сигурна и долготрајна употреба.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Сродни производи
Рачни калкулатори
Калкулатори за на маса
Научни калкулатори
Калкулатори со Bubble Jet печатење
Преносни калкулатори со печатач
Канцелариски калкулатори со печатач
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба