Паметен исто како и практичен Функцискиот статистички калкулатор од новата генерација на Canon, F-710, нуди елегантно решение за сите ваши студиски или работни проекти. Стилскиот, тенок дизајн го прават лесен за држење и едноставен за ракување во секое окружување. Видете ги и проблемот и одговорот со еден поглед, благодарение на практичниот 2-реден екран, кој ги прикажува внесувањата во горниот ред, а резултатите во долниот. Големиот ЛЦД ја зголемува читливоста и нуди регулирање на контрастот, за јасно гледање како во темни, така и во светли услови. Со атрактивна сребрена металик завршна обработка, F-710 не е само многу функционален, туку е и забавен за користење.
Комплетно опремен за сите задачи
Подготвен да изведува голема палета научни и статистички пресметки, F-710 прави и најтешките проблеми да изгледаат едноставни. Опремен се со 38 вградени формули, плус директно внесување формули. Додадена е и практична функција Exchange Display Memory, за додавање/меморирање и за повикување на мемории. Големиот број на математички, тригонометриски и статистички функции навистина ги изведуваат сите барани задачи - а достапни се и функции на научни и инженерски прибелешки. Напредоците вклучуваат копчиња за постојано пресметување (Constant Calculation) и внесување повторени податоци (Repeated Data Input). Краен резултат е практичен калкулатор, кој е доволно моќен да ги задоволи вашите потреби, без да биде премногу сложен - што го прави идеален за бројни примени.
|