За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Научни калкулатори > F-715S

Canon F-715S
Калкулатори

F-715S

Овој 10+2-цифрен функциски калкулатор со голем 2-реден екран е идеален за ученици од основно училиште. Лесен за користење и држење, тој е опремен со 250 функции и практичен двоен извор на напојување.

Карактеристики

  • 10+2-цифрен функциски калкулатор
  • Голем, 2-реден ЛЦД за лесно гледање
  • 250 суштински функции
  • 17 мемории за чување и 17 мемории за повикување, за дополнителна практичност
  • Рационализиран дизајн со големина на дланка, со цврст капак на навлекување
  • Напојување на соларна енергија и на батерија
Функциски калкулатор со 10+2 цифри, 2-реден екран и двоен извор на напојување



Со него математиката е позабавна
Со функцискиот 10+2-цифрен калкулатор F-715S 10+2 математиката е позабавна. Тој им помага на младите подобро да излегуваат на крај со комплексните равенки во сите математички полиња. Лесен за користење и држење, тој има прегледен распоред со издржливи копчиња, шифрирани во боја. Ова вклучува четири копчиња покажувачи со практични функции ’Копирај’ и ’Поништи’ .

Голем 2-реден екран
Компактниот F-715S има голем, двореден ЛЦД. Со тоа, во исто време внесот се прикажува во горниот ред, а резултатот во долниот ред. Регулирањето на ЛЦД контрастот обезбедува остро и лесно гледање на бројките и на алгебарските знаци - без оглед на тоа, дали во затемнети или во осветлени окруженија.

250 функции за сите ваши потреби
Без оглед дали учите математика, тригонометрија, компјутерска математика или статистика, 250 суштински функции* ги покриваат сите ваши потреби. Достапни се 17 мемории за чување и 17 мемории за повикување, со независно копче. Дополнителни функции за математика и статистика обезбедуваат вашиот калкулатор да биде современ. Каков и да е проблемот, сите потребни одговори ќе ги добиете брзо и точно - веднаш на дофат на прстите.

Рационализиран дизајн со големина на дланката
Рационализираниот дизајн го прави F-715S лесен за држење на дланката. Тенок и лесен, тој комбинира модерен елегантен изглед со практична функционалност. Издржливиот капак на навлекување го штити калкулаторот од потчукнувања и судири кога не се користи.

Практичен двоен извор за напојување
F-715S се напојува и соларно и преку батерија, така што никогаш нема да ве изневери, без оглед на условите на светлото. Згора на тоа, индикаторот за ’слаба батерија“ покажува кога треба да се замени батеријата. Кога не го користите, калкулаторот се исклучува автоматски по 7 минути за да штеди струја.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Сродни производи
Рачни калкулатори
Калкулатори за на маса
Калкулатори со Bubble Jet печатење
Преносни калкулатори со печатач
Канцелариски калкулатори со печатач
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба