Одете на почетната страница на Канон
Прелистајте ги вашите омилени производи на Канон и дознајте повеќе за нашите канцелариски решенија
Погледнете го нашиот возбудлив спектар на производи за корисници на професионални и домашни производи
Дознајте како Канон може да ви помогне да пронајдете совршено решение за вашата деловна активност
За сите информации за организацијата Канон
Детали за контакти во врска со глобалните активности на Канон
Целата техничка и друга помош која ви е потребна за да го добиете најдоброто од производите на Канон
Пронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон

Пронаоѓач на производ

Спореди производи

You Connect

Креативен парк

Услужете се сами

Нови производи

Производи и решенија

за дома

За на работа

За нас

Поддршка

Каде да
се купи

Контакт

Пребарај

Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Дигитално > DC410

Canon DC410
Дигитално

Архива на производи

DC410

Снимајте директно на DVD диск во вистински широк формат со помош на 41x напредниот зум на Canon. DC410 дури ќе ви овозможи и да снимате врвен звук благодарение на влезниот приклучок за микрофон.

Карактеристики

  • 41x напреден зум
  • Влез за микрофон
  • Брзо вклучување
  • Едноставен режим
  • Опционални батерии со висок капацитет; компатибилност со DVD-R дискови со двоен слој
  • Достапни адаптери за објектив
  • Широк True Wide 16:9 формат со висока резолуција
  • DIGIC DV II
  • LCD видео осветлување
  • Зачувување на фотографиите на мемориски картички

Извонредно видео и аудио – со снимање директно на DVD диск.



41x напреден зум
Уникатниот систем на Canon за напредно зумирање ќе ви ја понуди моќта на зумирање од 41x во вашите раце, така што вие лесно ќе можете да се приближите до саканото место. Ова е можно благодарение на комбинацијата на оригинален Canon видео објектив и DIGIC DV II процесорот.

Исклучителен звук
Погрижете се вашите видео снимки – со директно снимање на DVD (-R/-RW/-R DL) – да звучат најдобро: поврзете надворешен микрофон на влезниот приклучок. Снимените DVD дискови лесно ќе можете да ги репродуцирате во вашиот домашен DVD плеер.

Брзо вклучување
Благодарение на технологијата за брзо вклучување, на DC410 и е потребна само една секунда за да се вклучи од режимот на подготвеност. Само отворете го LCD екранот и вие ќе бидете подготвени.

Едноставно снимање
Префрлете се во едноставен режим и сите поважни контроли ќе се постават на автоматско функционирање – потоа дури и почетниците ќе можат да уживаат во снимањето. За поголема контрола, клучните функции за слика се достапни преку интуитивниот мени систем, кој се прикажува на LCD екранот. Практичната контролна палка ја олеснува навигацијата.

Продолжено снимање
За подолго снимање, видео камерата е компатибилна со опционалните батерии со висок капацитет. Снимајте на DVD-R дискови со двоен слој за да добиете време на снимање од преку еден час по диск.

Бидете креативни
Прикачете дополнителен елемент – вклучувајќи широкоаголни адаптери, телеконвертори и филтери – на објективот од видео камерата и откријте нови креативни начини за снимање.

Слика во широк формат
Снимајте, прегледувајте и потоа погледнете ги вашите видео снимки на телевизор во широк формат. DC410 се одликува со True Wide 16:9 системот на Canon со висока резолуција – поточно, CCD со широк формат, 2,7” 16:9 LCD екран и 0,27” 16:9 EVF (електронски визир).

DIGIC DV II
Оригинално развиен за снимање на High Definition видео, DIGIC DV II нуди комбинација на брзина и врвна репродукција на слика: напредното намалување на шумот помага вашите снимки да бидат јасни и остри. Одделната обработка овозможува истовремено снимање на видео и фотографии, при што за секој начин се врши оптимизирање на боите.

Сопствено осветлување
Со помош на функцијата за LCD видео осветлување вие ќе можете да продолжите со снимањето дури и во услови на недоволна осветленост - ќе треба само да го завртите екранот кон објектот.

Дигитални фотографии
DC410 нуди комбинација на снимање видео и фотографии. Фотографиите можат практично да бидат зачувани на SD или SDHC (High Capacity) мемориски картички.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања

Брошури
Драјвери

Софтвер Console

Верзија 1.1

Сродни производи

ДВД Дигитални камкордери
Мини ДВ камкордери
Камкордери со флеш меморија
Проектори XEED
Компактни печатачи на фотографии SELPHY

  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба