За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Дигитално > DC420

Canon DC420
Дигитално

Архива на производи

DC420

DC420 нуди комбинација на практично снимање директно на DVD диск и видео со мегапикселски квалитет – за добивање на извонредна слика. Бројните функции ќе ви го олеснат снимањето и споделувањето на вашите видео содржини.

Карактеристики

  • 41x напредно зумирање
  • Мегапикселски CCD
  • Брзо вклучување
  • Едноставен режим
  • Опционални батерии со висок капацитет; компатибилност со DVD-R дискови со двоен слој
  • Достапни адаптери за објектив
  • Широк True Wide 16:9 формат со висока резолуција
  • DIGIC DV II
  • LCD видео осветлување
  • Снимање на фотографии; USB 2.0 Hi Speed
Снимање со мегапикселски квалитет – и практично снимање директно на DVD диск.



41x напредно зумирање
Со уникатниот систем на Canon за напредно зумирање вие ќе можете да се приближите до саканото место. Комбинацијата на оригинален Canon видео објектив и моќен DIGIC DV II процесор ви нуди висок фактор на зголемување од 45x при снимање во широк формат.

Мегапикселски CCD
Снимајте врвно видео директно на DVD (-R/-RW/-R DL) со помош на мегапикселскиот CCD сензор. DVD дисковите можете да ги финализирате во камерата и да ги репродуцирате на вашиот домашен DVD плеер.

Брзо вклучување
Со функцијата за брзо вклучување вие никогаш нема да ги пропуштите посебните моменти. Едноставно отворете го LCD екранот и видео камерата ќе се вклучи од режимот за подготвеност за приближно една секунда.

Едноставно користење, едноставно снимање
Сите клучни функции за слика се достапни преку интуитивниот мени систем, кој се прикажува на LCD екранот. Практичната контролна палка е поставена на работ од екранот. Со едноставниот режим сите параметри се префрлуваат на автоматски, со што дури и почетниците ќе можат да уживаат во снимањето.

Продолжено снимање
Користете DVD-R дискови со двоен слој за да снимите повеќе содржини – снимајте преку еден час видео содржини на секој DL диск. Видео камерата исто така е компатибилна со батериите со висок капацитет, што ќе ви овозможи подолго снимање.

Креативни опции
Широк опсег на дополнителна опрема може да се прикачи на објективот на камерата: вклучувајќи широкоаголни адаптери, телеконвертори и филтери. Притоа ќе добиете бројни креативни можности.

Снимајте во вистински широк формат
True Wide 16:9 системот на Canon со висока резолуција се состои од CCD сензор со широк формат, 2,7” 16:9 LCD екран и 0,27” 16:9 EVF (електронски визир). Вие ќе можете да снимате и прегледувате видео во вистински широк формат, а потоа и да го погледнете на телевизор со широк екран.

DIGIC DV II
Моќниот DIGIC DV II процесор – оригинално развиен за снимање на High Definition видео – е брз и ефикасен. Одделната обработка ви овозможува истовремено снимање на видео и фотографии, при што за секој начин се врши оптимизирање на боите. Напредната технологија за намалување на шум е заслужна за добивање на подобра слика.

Мала дополнителна светлина
Продолжете да снимате, дури и при слаба осветленост – завртете го екранот кон објектот и вклучете го LCD видео осветлувањето како извор на светлина.

Снимање на фотографии
Снимајте фотографии на SD или SDHC (High Capacity) мемориски картички. Споделувајте ги мемориските картички со пријателите; алтернативно, поврзете ја видео камерата со компјутер преку USB 2.0 Hi-Speed за да ги префрлите снимките на компјутер. Поврзете се директно на PictBridge компатибилен печатар за да ги отпечатите фотографиите.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Драјвери
Софтвер Console
Верзија 1.1
Сродни производи
ДВД Дигитални камкордери
Мини ДВ камкордери
Камкордери со флеш меморија
Проектори XEED
Компактни печатачи на фотографии SELPHY
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба