Новата камера Canon XM2 ја има најновата технологија, како и многу корисни приспособувања и подобрувања во однос на звукот и сликата, за да избирате од мноштво ситуации и претпочитани опции на снимање. Многу чувствителната единица на 3CCD постигнува 540 реда хоризонтална резолуција и одлични перформанси при слабо светло. Новиот Super Pixel Shift обезбедува поширок динамички опсег за филмови, редуцирајќи го вертикалното размачкување, и дава дигитални фотографии со 1,7 мегапиксели и висока резолуција. Професионалниот флуоритен објектив од L-серијата, на камерата, овозможува 35mm квалитет, како и квалитет на ТВ пренос. Таа може да испорачува крајно остри слики и високо зголемување, со помалку аберации на бојата. Оптичката стабилизација ја одржува сликата мирна, без губење на квалитетот.
А видео снимките, направени со Canon XM2, ќе звучат добро како и што изгледаат, со помош на микрофонот ‘Direction Accurate’, кој дава точен стерео амбиент и помалку механичка заднинска бучава. Фреквенцијата на микрофонот има три режима за прилагодување кон условите на снимање (нормален, глас, ветробран).
Рачните прилагодувања на XM2 вклучуваат копчиња за регулирање боја и светло, како фаза на боја, зајакнување боја, острина на камера и ниво на нагодување. Други функции се зебра мостра, за наведување на прекумерна експозиција, тајмер на интервали, за снимање во избрани времиња, и јасно скенирање, за снимање на CRT монитор. Има и корисничко копче, на кое може да му се доделат често користените функции.
|