Со новата функција од Canon, Quick Start (брзо стартување), и со интуитивната командна палка, MD130 со 35х оптичко зумирање е кориснички прилагодена и практична камера за семејството.
|
Блиску до случувањата MD130 има еден од објективите со оптичко зумирање со најголемо зголемување во својата класа. Окото на камерата, 35х оптичкото зумирање, ви овозможува да дојдете ултра-блиску до случувањата. Ви треба уште повеќе моќ на зумирање? Ангажирајте го 1000x дигиталното зумирање.
Вистински широк екран Зафаќајте ги вашите филмови со кинематски широк екран, со снимање со висока резолуција, со вистински однос 16:9. Ставајте ги во кадар и прегледувајте ги филмовите со помош на 2,7" ЛЦД со широк екран или употребете го 0,35" EVF (електронски визир) во боја, со широк екран, за да штедите батеријата.
Снимање со Quick Start Никогаш не пропуштајте ги големите настани или посебните мигови. Quick Start значи дека камерата може да биде подготвена за работа речиси од режимот на подготвеност.
Лесно снимање Лесниот режим со едно притискање, на камерата, е едноставност сам по себе - само притиснете “снимај“ и почнете да снимате. За да имате контрола врз повеќе функции на снимање, разновидната командна палка, поставена на самиот ЛЦД на камерата, ви овозможува да го пронајдете и и да им пристапите на сите потребни функции. Ако сакате да ја поставите камерата подалеку од вас, безжичниот далечински управувач ви дава контрола над сите важни функции.
Дизајн со мала тежина Сега можете да ја носите вашата камера со себе на вашите патувања секогаш и секаде. Елегантно компактниот дизајн со мала тежина е стилски и практичен.
DIGIC DV Интелигентната и софистицирана обработка на слика е овозможена со DIGIC DV. Зафаќајте ги боите какви што се навистина и сликајте фотографии дури и додека снимате филм.
Повеќе меморија Камерата е компатибилна со SDHC мемориските картички со голем капацитет, како и со SD мемориските картички. Зафаќајте фотографии, па дури и кратки филмски клипови со ниска резолуција, совршено за Интернет или за испраќање по е-пошта. Снимајте повеќе, чувајте повеќе.
|