Напредно зумирање на Canon Доближувањето до случувањата е полесно со помош на напредното 45x зумирање на Canon - квалитетот на оригиналната оптика на Canon и моќта на обработката со DIGIC DV, ги доближуваат дури и далечните предмети. Електронскиот стабилизатор на слика (Electronic Image Stabilizer - EIS) помага да се елиминира тресењето на камерата и ги одржува филмовите израмнети.
Мегапикселско видео Мегапикселски CCD ви овозможува да зафаќате видео со висок квалитет, кое изгледа свежо и јасно на екранот.
Широки филмови во живо Снимајте изненадувачки, панорамски филмови со широк екран, со вистинска 16:9. Преку 2,7" 16:9 ЛЦД можете дури и да набљудувате како вашиот филмски материјал ќе изгледа на широк екран. За да ја сочувате моќта на батеријата, наместо тоа употребете го широкиот EVF во боја (Electronic Viewfinder - електронски визир).
Спонтано снимање Благодарение на технологијата за брзо стартување, MD255 може да се подготви за работа за околу една секунда - обезбедувајќи никогаш повеќе да не пропуштите ниту еден миг.
Разновидна и лесна Во лесниот режим со едно притискање, дури и тоталите почетници може да ја користат MD255 за да снимат филмски материјал со добар изглед. Практичната командна палка, поставена на работ од екранот, овозможува лесен пристап до пософистицираните опции за правење филм. Повеќеаголниот далечински управувач ви дава дури уште поголема слобода на снимање: со далечински сензор поставен на отклопениот ЛЦД на камерата, само накривете го екранот кон себе за да снимате од речиси секоја локација.
DIGIC DV Со уникатната моќ за обработка на DIGIC DV, зафаќајте филмови кои се одликуваат со јасни и живописни бои – видете повеќе од вистинскиот живот. DIGIC DV II користи софистициран начин на обработка со поделени патеки, за одделно да ги оптимизира боите за фотографиите и видеата, постигнувајќи ги најдобрите резултати.
ЛЦД видео светло MD255 ви овозможува да го користите 2,7” ЛЦД како практично видео светло. Кога е завртен кон предметот што ги снимате, тој обезбедува доволно светло за осветлување, за да ви овозможи снимање во крупен план во услови на слабо светло.
Напредни опции за фотографии Сликајте неподвижни слики со висок квалитет право на SD или SDHC (High Capacity) мемориски картички – најлесен начин да ги споделите фотографиите. Алтернативно, печатете директно на печатач компатибилен со PictBridge.
USB 2.0 Full Speed Преку поврзување со USB 2.0, фотографиите може за само неколку секунди да се пренесуваат на компјутер, за да се уредуваат или гледаат.
Диск со софтверско решение Неподвижните слики лесно се пренесуваат на компјутер, а таму се управува со нив со помош на испорачаниот софтвер.
|