Најдоброто од двата света Со двојната флеш меморија на Canon, секогаш ќе бидете подготвени за снимање - дури и ако немате резервни медиуми при рака. Снимајте до 6 часа филмски материјал со HD на 16Gb внатрешна меморија. Употребете ги SD/SDHC мемориските картички за дополнителен капацитет, или за да ги споделувате филмовите со пријателите.
Супер-стилска; ултра-компактна Флеш меморијата овозможува неверојатно компактен дизајн, кој е доволно мал за да ја носите во џебот. Бидејќи флеш меморијата нема подвижни делови, вашиот скапоцен филмски материјал е подобро заштитен од удари и потчукнувања.
Снимање со 1920x1080, со полна HD HF10 снима 1920x1080 видео со полна HD - кое одговара на резолуцијата на ТВ-уреди со полна HD за најдобриот можен квалитет на сликата.
HD систем за камера на Canon Уживајте во супериорниот квалитет на HD видео преку комбинација на уникатните технологии на Canon: Canon HD видео објектив со 12x оптичко зумирање, 3,3 MP Canon CMOS сензор со полна HD и моќниот процесор DIGIC DV II.
Instant AF i oптичка стабилизација на слика со супер-опсег (OIS) Грешките во фокусирање и тресењето на камерата се позабележливи кога снимате во HD. Instant AF i oптичката стабилизација на слика со супер-опсег обезбедуваат уникатно решение за овие два проблема.
Флексибилно Снимајте со голема палета изборна периферна опрема. Рачните аудио команди, плус приклучоците за микрофон и слушалки, ви даваат да направите одличен тонски запис. HDMI овозможува едноставен начин да ги пренесете своите HD филмови на ТВ или на компатибилен компјутер.
Продолжете да снимате Со помала потрошувачка на струја, флеш меморијата ви дава да снимате подолго. Камерата е компатибилна и со батеријата со голем капацитет, за уште подолги времиња на снимање. Интелигентниот систем на батеријата го прикажува преостанатото полнење до минута.
Напредни опции за фотографии HF10 ви дава да зафаќате фотографии со 3,1 мегапиксел. Дури можете да правите и слики од 2,07MP за време на снимањето или да ги грабнете од филмовите кои веќе сте ги направиле. Достапна е и палета на други напредни опции.
Повеќеаголен јасен ЛЦД Прегледувајте ги филмовите со семејството и со пријателите на 2,7" повеќеаголен јасен ЛЦД лесно за сите да се соберат наоколу. Со површинскиот третман HCAR, сликите изгледаат поостро а боите живописни, а се минимизира и рефлектирањето на екранот.
Снимајте, режете, споделете HF10 е компатибилна и со изборниот DW-100 на Canon најлесниот начин да ги добиете вашите HD филмови на DVD. Алтернативно, Pixela ImageMixer™ Обезбеден е 3 SE - организирајте, репродуцирајте и уредувајте ги вашите видео клипови, па претворајте ги во други формати на датотеки.
|