Снимајте право на мемориска картичка Со можноста за снимање на SD или SDHC (High Capacity) мемориски картички, HF100 е камера со HD конструирана за споделување на вашите филмови. Картичките се одлични за предавање на семејството и на пријателите - како што расте големината на картичките, така расте и капацитетот на вашата камера.
Супер-стилска. Ултра-компактна. HF100 е камера што можете да ја носите во џебот, а воедно е товарена со стил. А бидејќи флеш меморијата нема подвижни делови, филмскиот материјал е заштитен од удари и потчукнувања.
Снимање со 1920x1080, со полна HD Снимајќи видео со 1920x1080, со полна HD, за супериорен квалитет на сликата, HF100 зафаќа филмови кои совршено одговараат за гледање на ТВ-уреди со полна HD.
HD систем за камера на Canon Уживајте во супериорниот квалитет на HD видео благодарение на комбинацијата на уникатните технологии на Canon: Canon HD видео објектив со 12x оптичко зумирање, 3,3 MP Canon Full HD CMOS сензор и моќниот процесор DIGIC DV II.
Остри и супер-мирни филмови Грешките во фокусирање и тресењето на камерата се позабележливи кога снимате со HD. HF100 користи два система за да ви овозможи да го избегнете тоа. Instant AF е хибриден систем на автоматско фокусирање, кој обезбедува брзина и точност. Оптичката стабилизација на слика со супер-дострел компензира за вообичаените причини на тресења на камерата.
Можност за проширување Лесно проширете го системот на вашата камера: на пример, прикачете микрофон и искористете ја предноста од рачните аудио команди на HF100. По снимањето, вградената HDMI порта овозможува лесно прикажување на филмскиот материјал на ТВ-уред со HD.
Штеди струја Снимањето на флеш меморија овозможува крајно економично трошење на струјата. За уште подолги времиња на снимање, HF100 е компатибилна со батерија со голем капацитет. Интелигентниот систем на батеријата го покажува преостанатото полнење до минута.
Сликајте дигитални фотографии Употребете ја HF100 за да зафаќате величествени фотографии со 3,1 мегапиксели – дури можете да правите и слики од 2,07MP за време на снимањето.
Повеќеаголен јасен ЛЦД 2,7" повеќеаголниот јасен ЛЦД со агол на гледање од 135-степени овозможува полесно снимање од секој агол. Површинскиот третман HCAR го минимизира рефлектирањето на екранот и ги прави сликите да изгледаат поостри, а боите поживописни.
Софтвер за споделување и за лесно креирање DVD Камерата се испорачува заедно со моќен софтвер, кој вклучува Pixela ImageMixer(TM) 3 SE за да ги организирате, репродуцирате и уредувате вашите клипови. Можете дури да ги конвертирате во други формати на датотеки. За архивирање и за споделување видеа, HF100 е компатибилна и со DW-100 на Canon (достапен посебно), кој овозможува лесно режење HD филмови право на DVD.
|