64GB двојна флеш меморија Складирајте еден цел ден видео содржини на внатрешната меморија од 64GB или снимајте директно на SDHC мемориските картички за полесно споделување.
Големина за во џеб Со тежина од само 340g, стилската LEGRIA HF21 е дизајнирана за удобно сместување во вашиот џеб.
Динамички OIS Екстремното тресење на камерата при широкоаголното снимање ефикасно се компензира со помош на динамичкиот оптички стабилизатор на сликата (OIS).
HD систем за камери на Canon Canon HD системот за камери нуди комбинација на 3.3MP Full HD CMOS сензор, Canon HD видео објектив со 15x оптички зум и DIGIC DV III процесор за добивање на врвни Full HD видео снимки. При поставеност за највисок квалитет, видео содржините се снимаат со 24Mbps.
Куси видео записи Кусите видео записи го прават споделувањето на видео содржините неверојатно едноставно. При секое притиснување на копчето за снимање, се врши снимање на видео запис од 4 секунди. Снимете сцена во живо или изберете записи од видео содржините кои веќе сте ги снимиле. Потоа додадете ги во листа за репродукција, изберете музичка тема и веќе сте подготвени да ја погледнете вашата снимка на телевизор – без потреба од уредување. Камерата се испорачува со вчитани музички теми со ослободени авторски права, но вие исто така можете да додадете сопствена музика со помош на Music Transfer Utility софтверот.
Едноставно снимање Одличните функции го олеснуваат снимањето. Моменталниот AF е најдобар начин за постигнување прецизен и брз автоматски фокус. За снимките со луѓе, технологијата за откривање на лице врши оптимизација на параметрите до 35 ликови во еден кадар. Со 25p режимот на кино вие ќе постигнете изглед на традиционален филм и ќе го подобрите квалитетот на снимање при слаба осветленост.
Режими за ноќни сцени и слаба осветленост Режимот за ноќни сцени ги оптимизира параметрите за ноќно снимање, намалувајќи го шумот и внимавајќи да не дојде до преголема експозиција кај светлите делови. Режимот за слаба осветленост ја зголемува чувствителноста заради добивање на повеќе детали во услови со недоволна осветленост.
Подготвена за снимање Со функцијата за брзо вклучување вие ќе бидете подготвени за снимање за околу една секунда. Pre REC функцијата врши континуирано складирање на 3 секунди видео додека е вклучена камерата: откако ќе го притиснете копчето за снимање, ќе бидат додадени и претходните 3 секунди.
Снимање фотографии Снимајте фотографии со резолуција до 3.3MP. Или пак, во режим на двојно снимање, снимајте фотографии од 3.0MP со истовремено снимање на видео и без менување на режимот – при што контролите ќе се постават на автоматско функционирање. Функцијата за фото секвенца генерира 25 фотографии од една секунда снимен материјал.
Чекор понатаму На располагање ви стои асортиман на одлична галантерија. Водоотпорното куќиште WP-V1 ќе ви овозможи да снимате со камерата на длабочини до 40 метри: LEGRIA HF21 располага со посебен режим за подводно снимање, за задржување на природниот изглед на снимката.
|