Снимање на мемориска картичка Снимајте врвни Full HD видео содржини на SDHC мемориски картички. Тие се отстранливи и нудат лесно споделување, со можност за складирање 12 часа на картичка од 32GB.
Canon HD камера систем Запознајте се со придобивките на Canon HD камера системот. Комбинацијата на 3.3MP Full HD CMOS сензор, Canon HD видео објектив со 15x оптички зум и извонредно брзиот DIGIC DV III процесор овозможува добивање на снимки со врвен Full HD квалитет. При поставеност за највисок квалитет, видео содржините се снимаат со 24Mbps.
Одлични видео снимки на едноставен начин Едноставните и практични технологии ќе ви го олеснат снимањето на HD содржини. Моменталниот AF врши брзо изострување на фокусот, додека OIS со супер опсег ќе го спречи уништувањето на снимките заради тресењето на камерата. Овозможена од моќниот DIGIC DV III процесор, технологијата за откривање на лице врши оптимизација на параметрите за добивање на совршени снимки со луѓе – за до 35 ликови во еден кадар.
Големина за во џеб Со тежина од само 340g, LEGRIA HF200 ќе можете секогаш да ја понесете со вас – таа е вашиот совршен видео партнер, без разлика каде одите.
Куси видео записи Режимот на куси видео записи го олеснува креирањето на снимки кои потоа ќе можете да ги споделите. При секое притиснување на копчето за снимање, се врши снимање на кус видео запис од 4 секунди. Едноставно додадете ги видео записите во листа за репродукција, изберете музичка тема и вашата снимка ќе биде подготвена за репродукција на телевизор – без потреба од уредување на PC. Преснимувајте музика на мемориска картичка со помош на Music Transfer Utility софтверот.
Брз почеток на снимањето Со функцијата за брзо вклучување и Pre REC вие секогаш ќе бидете подготвени за снимање. По отворањето на LCD екранот од режимот на подготвеност вие ќе можете да започнете со снимање по околу една секунда. Pre REC функцијата врши континуирано складирање на 3 секунди видео додека е вклучена камерата: кога ќе го притиснете копчето за снимање, ќе бидат додадени и претходните 3 секунди.
Креативни опции LEGRIA HF200 нуди поддршка за проширениот простор на бои на x.v.Color. Доколку снимките се репродуцираат на компатибилен HD телевизор, боите ќе изгледаат подобро од кога било. Изберете го 25p режимот на кино и вашите снимки ќе добијат изглед на традиционалните филмови, а ќе се подобри и квалитетот на снимање при слаба осветленост.
Снимање на фотографии Снимајте фотографии со висока резолуција од 3.3MP. Или пак, во режим на двојно снимање, снимајте фотографии од 2MP со истовремено снимање на видео и без менување на режимот – при што контролите ќе се постават на автоматско функционирање. Функцијата за фото секвенца генерира 25 фотографии од една секунда снимен материјал.
Подобар звук Влезот за микрофон ви овозможува приклучување на надворешен микрофон за снимање на подобар звук – нивоата ќе можете да ги контролирате благодарение на приклучокот за слушалки. Рачните аудио контроли ви нудат уште поголема прецизност.
Софтвер Уредувајте и споделувајте ги вашите HD снимки со помош на испорачаниот PIXELA™ софтвер. Со DW-100 DVD снимачот на Canon (може да се купи одделно), лесно ќе можете да снимате DVD дискови.
|