За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Со висока резолуција > LEGRIA HF M32

Canon LEGRIA HF M32
Со висока резолуција ново

LEGRIA HF M32

Направете извонредни Full HD видео снимки со компактната и стилска LEGRIA HF M32. Иновативниот интерфејс со екран на допир го олеснува снимањето; снимајте повеќе од кога и да било благодарение на меморијата од 64GB и поддршката за SDXC.

Карактеристики

  • 64GB двојна флеш меморија, поддршка за SDXC и пренасочено снимање
  • Лесно HD снимање
  • 6,8cm (2,7”) LCD екран на допир
  • Куси видео записи
  • HD систем за камери со 3,3MP на Canon
  • Динамички OIS и напојуван IS
  • Лесно споделување
  • Pre REC, 25p режим на кино
  • Супериорно аудио
  • Креативни опции.
Снимете ги вашите Full HD спомени со стил



Двојна флеш меморија
Со 64GB двојна флеш меморија, LEGRIA HF M32 ви нуди снимање на внатрешна меморија и мемориска картичка. А со помош на пренасоченото снимање, никогаш нема да морате да престанете со снимање за да промените медиум; ако вградената меморија се наполни, пренасоченото снимање автоматски ќе продолжи на SDHC или SDXC картичка.

Лесно HD снимање
HD снимањето никогаш не било полесно. Интелигентната автоматска технологија за препознавање на сцена ги оптимизира подесувањата во зависност од ситуацијата, без разлика дали е прекрасно зајдисонце или семеен настан. Моменталниот AF брзо постигнува фокус со неверојатна изостреност, а технологијата за откривање на лице врши оптимизација на параметрите за снимање за совршено фотографирање на луѓе.

Технологија за екран на допир
LEGRIA HF M32 нуди уникатен начин за контрола на вашата камера. Големиот 6,8cm (2,7”) екран на допир ви овозможува да ги контролирате функциите за снимање и репродуцирање на камерата преку едноставни движења на екранот, на нов и поинтуитивен начин на снимање.

HD систем за камери на Canon
Canon HD системот за камери нуди комбинација на 3,3MP Full HD CMOS сензор, Canon HD видео објектив со 18x напреден зум и DIGIC DV III процесор за добивање на врвни Full HD видео снимки.

Динамички OIS и напојуван IS
Кога снимате видео записи, малите потреси на камерата може да бидат зголемени при репродуцирање. За да се спречи тоа, LEGRIA HFM32 применува два системи за стабилизација на слика – динамичкиот оптички стабилизатор на слика кој го намалува тресењето предизвикано од снимање при движење и напојуваниот стабилизатор на слика кој овозможува стабилна слика за телефото снимки.

Лесно споделување
Споделувањето на вашите видео записи е полесно од кога било со LEGRIA HF M32. Внатрешната конверзија од HD во SD ви овозможува да ја намалите големината на вашите фајлови во камерата, додека софтверот PIXELA кој се испорачува во пакетот го прави споделувањето многу едноставно.

Pre REC, 25p режим на кино – плус фотографии од 3,3MP
LEGRIA HF M32 има многу карактеристики за снимање со цел да создаде подобри видео снимки. Во Pre REC режим, камерата започнува со снимање три секунди пред копчето за снимање да биде притиснато, за да не пропуштите ништо од случувањата. 25p режимот на кино создава видео снимки кои наликуваат на филмови од кино. Можете дури и да направите фотографии од 3,3MP за да ги дополните вашите видео снимки.

Флексибилен систем
LEGRIA HF M32 има вграден HDMI приклучок за директен излез на HD телевизор, додека вградените приклучоци за микрофон и слушалки ви овозможуваат снимање на подобар звук. Мини напредниот приклучок и палетата на дополнителна опрема – во која спаѓа WP-V2 водоотпорна торбичка со која можете да пливате и нуркате заедно со вашата камера – придонесуваат сè повеќе да ја засакате HF M32.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Софтвер & драјвери
Сродни производи
ДВД Дигитални камкордери
Мини ДВ камкордери
Камкордери со флеш меморија
Проектори XEED
Компактни печатачи на фотографии SELPHY
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба