За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Со висока резолуција > LEGRIA HF M36

Canon LEGRIA HF M36
Со висока резолуција

LEGRIA HF M36

Направете Full HD видео снимки како што посакувате со стилската и компактна LEGRIA HF M36. Двојната флеш меморија – со внатрешни 8GB – е надополнета со SDHC отвор за мемориска картичка. Интелигентниот автоматски режим овозможува лесно снимање на прекрасни видео записи.

Карактеристики

  • 8GB двојна флеш меморија и пренасочено снимање
  • Лесно HD снимање
  • 6,8cm (2,7”) LCD екран на допир
  • Куси видео записи
  • HD систем за камери со 3,3MP на Canon
  • Динамички OIS и напојуван IS
  • Лесно споделување
  • Pre REC, 25p режим на кино, фотографии од 3,3MP
  • Флексибилен систем
  • Изборна водоотпорна торбичка
Интелигенцијата се истакнува со дизајнот.



Двојна флеш меморија
Со 8GB двојна флеш меморија, LEGRIA HF M36 ви нуди снимање на внатрешна меморија и мемориска картичка. А со помош на пренасоченото снимање, никогаш нема да морате да престанете со снимање за да промените медиум; ако вградената меморија се наполни, пренасоченото снимање автоматски ќе продолжи на SD или SDHC картичка.

Лесно HD снимање
HD снимањето никогаш не било полесно. Интелигентната автоматска технологија за препознавање на сцена ги оптимизира подесувањата во зависност од ситуацијата, без разлика дали е прекрасно зајдисонце или семеен настан. Моменталниот AF брзо постигнува фокус со неверојатна изостреност, а технологијата за откривање на лице врши оптимизација на параметрите за снимање за совршено фотографирање на луѓе.

Технологија за екран на допир
LEGRIA HF M36 нуди уникатен начин за контрола на вашата камера. Големиот 6,8cm (2,7”) екран на допир ви овозможува да ги контролирате функциите за снимање и репродуцирање на камерата преку едноставни движења на екранот, на нов и поинтуитивен начин на снимање.

HD систем за камери на Canon
Canon HD системот за камери нуди комбинација на 3,3MP Full HD CMOS сензор, Canon HD видео објектив со 18x оптички зум и DIGIC DV III процесор за добивање на врвни Full HD видео снимки.

Динамички OIS и напојуван IS
Кога снимате видео записи, малите потреси на камерата може да бидат зголемени при репродуцирање. За да се спречи тоа, LEGRIA HF M36 применува два системи за стабилизација на слика – динамичкиот оптички стабилизатор на слика кој го намалува тресењето предизвикано од снимање при движење и напојуваниот стабилизатор на слика кој овозможува стабилна слика за телефото снимки.

Лесно споделување
Споделувањето на вашите видео записи е полесно од кога било со LEGRIA HF M36. Внатрешната конверзија од HD во SD ви овозможува да ја намалите големината на вашите фајлови во камерата, додека софтверот PIXELA кој се испорачува во пакетот го прави споделувањето многу едноставно.

Pre REC, 25p режим на кино – плус фотографии од 3,3MP
LEGRIA HF M36 има многу карактеристики за снимање со цел да создаде подобри видео снимки. Во Pre REC режим, камерата започнува со снимање три секунди пред копчето за снимање да биде притиснато, за да не пропуштите ништо од случувањата. 25p режимот на кино создава видео снимки кои наликуваат на филмови од кино. Можете дури и да направите фотографии од 3,3MP за да ги дополните вашите видео снимки.

Флексибилен систем
LEGRIA HF M36 има вграден HDMI приклучок за директен излез на HD телевизор. Мини напредниот приклучок и палетата на додатна опрема – во која спаѓа WP-V2 водоотпорна торбичка со која можете да пливате и нуркате заедно со вашата камера – придонесуваат сè повеќе да ја засакате HF M36.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Софтвер & драјвери
Сродни производи
ДВД Дигитални камкордери
Мини ДВ камкордери
Камкордери со флеш меморија
Проектори XEED
Компактни печатачи на фотографии SELPHY
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба