Снимање на мемориска картичка Снимајте врвни Full HD видео содржини на SDHC мемориски картички. Тие се отстранливи и нудат лесно споделување, со можност за складирање 12 часа на картичка од 32GB.
Интелигентен автоматски режим со технологијата за откривање на сцена За едноставно ракување "насочи-и-фотографирај", камерата избира најсоодветен режим на сцена - помеѓу достапните 31 режими - заради автоматско поставување на совршените параметри. Интелигентниот автоматски режим ја користи технологијата за откривање на сцена за избирање на тип на сцена врз основа на осветленоста на објектот, контрастот, оддалеченоста и општите нијанси
Куси видео записи Режимот на куси видео записи го олеснува креирањето на вашите кратки видео снимки. При секое притиснување на копчето за снимање, се врши снимање на кус видео запис – одберете должина од две, четири или осум секунди. За да направите видео, едноставно подредете ги вашите видео записи во листата за репродукција на мемориската картичка, изберете музичка тема и веќе сте подготвени да го погледнете вашето видео на телевизор – без потреба од уредување на PC.
Стабилни снимки низ целиот опсег LEGRIA HF R106 се одликува со оригинален Canon HD видео објектив со 20x оптички зум кој ќе ве приближи до саканото место. Динамичкиот електронски стабилизатор на слика помага да се постигнат стабилни снимки, дури и во движење.
HD систем за камери на Canon Снимајте врвни видео содржини со Canon HD камера системот: LEGRIA HF R106 користи уникатна комбинација на HD CMOS сензор, Canon HD видео објектив со 20x оптички зум и DIGIC DV III процесор.
Pre REC Во Pre REC режим, видео камерата започнува со снимање три секунди пред копчето за снимање да биде притиснато. Овие три секунди автоматски се додаваат на почетокот од секој видео запис, така што можете да ги снимите важните моменти дури и ако предоцна го притиснете копчето за снимање.
Практично семејно снимање LEGRIA HF R106 е совршена за снимање на посебните моменти. Моменталниот AF врши брзо изострување на фокусот, а технологијата за откривање на лице врши оптимизација на подесувањата за снимање за совршено фотографирање на луѓе – откривајќи до 35 ликови во еден кадар.
Софтвер Софтверот PIXELA™, кој е лесен за употреба, се испорачува за уредување видео снимки и едноставно преснимување за споделување на интернет. Или пак, снимајте DVD дискови со едно притиснување на копче со помош на DW-100 DVD снимачот на Canon (може да се купи одделно) – не е потребен компјутер.
|