Двојна флеш меморија Со 32GB двојна флеш меморија, LEGRIA HF R18 ви нуди снимање на внатрешна меморија и мемориска картичка. Складирајте преку 12 часа видео снимки на вградената меморија – или снимајте на SD и SDHC картички, кои се одлични за споделување.
Интелигентен автоматски режим со технологијата за откривање на сцена За едноставно ракување "насочи-и-фотографирај", камерата избира најсоодветен режим на сцена - помеѓу достапните 31 режими - заради автоматско поставување на совршените параметри. Интелигентниот автоматски режим ја користи технологијата за откривање на сцена за избирање на тип на сцена врз основа на осветленоста на објектот, контрастот, оддалеченоста и општите нијанси
Куси видео записи Режимот на куси видео записи го олеснува креирањето на вашите кратки видео снимки. При секое притиснување на копчето за снимање, се врши снимање на кус видео запис – одберете должина од две, четири или осум секунди. За да направите видео, едноставно подредете ги вашите видео записи во листата за репродукција на мемориската картичка, изберете музичка тема и веќе сте подготвени да го погледнете вашето видео на телевизор – без потреба од уредување на PC.
Стабилни снимки низ целиот опсег LEGRIA HF R18 се одликува со оригинален Canon HD видео објектив со 20x оптички зум кој ќе ве приближи до саканото место. Динамичкиот електронски стабилизатор на слика помага да се постигнат стабилни снимки, дури и во движење.
Конверзија од HD во SD Внатрешната конверзија од HD во SD го прави споделувањето видео снимки полесно. Со намалување на големината на вашите видео снимки во големина со стандардна дефиниција која е погодна за интернет, можете побрзо да ги преснимувате вашите видео снимки.
HD систем за камери на Canon Снимајте врвни видео содржини со Canon HD камера системот: LEGRIA HF R18 користи уникатна комбинација на HD CMOS сензор, Canon HD видео објектив со 20x оптички зум и DIGIC DV III процесор.
Pre REC Во Pre REC режим, видео камерата започнува со снимање три секунди пред копчето за снимање да биде притиснато. Овие три секунди автоматски се додаваат на почетокот од секој видео запис, така што можете да ги снимите важните моменти дури и ако предоцна го притиснете копчето за снимање.
Практично семејно снимање LEGRIA HF R18 е совршена за снимање на посебните моменти. Моменталниот AF врши брзо изострување на фокусот, а технологијата за откривање на лице врши оптимизација на подесувањата за снимање за совршено фотографирање на луѓе – откривајќи до 35 ликови во еден кадар.
Континуирано снимање со пренасочување на снимањето Ако вградената меморија се наполни додека снимате, пренасоченото снимање автоматски се префрла и продолжува да снима на SDHC картичката – со цел ништо да не пропуштите.
|