HD систем за камери на Canon Снимајте врвни видео содржини со Canon HD камера системот: LEGRIA HF S11 користи уникатна комбинација на 8.0MP Full HD CMOS сензор, Canon HD видео објектив со 10x оптички зум и DIGIC DV III процесор.
64GB двојна флеш меморија 64GB двојната флеш меморија нуди комбинација на голем вграден капацитет – доволен за преку 24 часа HD видео – со опција за снимање на отстранливи SDHC мемориски картички.
Динамички OIS и Моментален AF Екстремното тресење на камерата при широкоаголното снимање ефикасно се компензира со помош на динамичкиот оптички стабилизатор на сликата (OIS). Моменталниот AF постигнува извонредно прецизно и брзо автоматско фокусирање.
Креативни рачни контроли Корисничкото копче ви овозможува активирање на една од петте променливи кои можат да бидат доделени на контролното вртливо копче, вклучувајќи фокус, експозиција и ниво на звук. Меѓу напредните контроли се вбројуваат AGC (Auto Gain Control) ограничувањата – професионална функција за засилување или ограничување на одзивот при снимање со слаба осветленост – потоа зебра ленти, бирање на боја и излез на ленти во боја/тест тон.
Фотографии со 8.0MP Наменскиот фото режим овозможува снимање фотографии со висока резолуција, до 8.0 мегапиксели. Во режим на двојно снимање, за време на снимањето видео можно е и снимање на фотографии од 6.0 мегапиксели. Функцијата за фото секвенца генерира 25 фотографии од една секунда снимен материјал.
Аудио контрола Приклучоците за микрофон и слушалки ќе ви овозможат снимање и мониторинг на исклучителен звук. Рачната контрола на нивото на звук ви нуди целосна контрола врз аудио снимката.
Креативна флексибилност Со помош на мини напредниот приклучок можете да употребувате дополнителна опрема – како на пр. микрофон или видео осветлување.. Рамката на објективот од 58mm е компатибилна со професионалните филтри.
Опции за бои DIGIC DV III нуди поддршка за x.v.Color – за добивање на длабоки богати нијанси при репродукција на компатибилен HD телевизор. Со 25p режимот на кино вие ќе постигнете изглед на традиционален филм, со подобрување на квалитетот на снимање при слаба осветленост.
Одлични видео снимки на едноставен начин Режимот на куси видео записи врши снимање на секвенци од 4 секунди или ги издвојува од веќе снимен видео материјал. Оваа должина е идеална за подоцнежно составување во листа на репродукција, со додавање на аудио тема по сопствен избор. Технологијата за откривање на лице врши оптимизација на параметрите до 35 ликови во еден кадар. Pre REC функцијата врши снимање на 3 секунди пред да го притиснете копчето за снимање.
Далечинска контрола За дополнителна стабилност при снимање со голем зум, или доколку вашата камера е поставена на незгодно место, можете да користите RA-V1 далечински адаптер од Canon.
|