HD систем за камери со 8MP на Canon Добијте врвни слики и извонредни перформанси при слаба осветленост со помош на Canon HD камера системот: LEGRIA HF S200 претставува комбинација од 8,0MP Full HD CMOS сензор, Canon HD видео објектив и DIGIC DV III процесор.
3,5” LCD екран на допир 3,5” LCD екран на допир со висока резолуција ви нуди 100% приказ со врвни детали за снимање HD видео снимки. Уникатниот LCD интерфејс заснован на движења ви нуди пристап, на дофат на вашите прсти, до функции за снимање и репродуцирање во кои спаѓаат режимите на следење со допир, фокус на допир и експозиција на допир.
Снимање на мемориска картичка Снимајте директно на SDHC мемориски картички со висок капацитет – на картичка од 32GB ќе можете да складирате преку 12 часа HD видео. Благодарение на двата отвори за картички и пренасоченото снимање, снимањето автоматски ќе се префрли помеѓу картичките кога едната од нив ќе се наполни.
Лесно споделување на видео снимки За полесно споделување на вашите видео снимки, LEGRIA HF S200 ви овозможува да конвертирате AVCHD (MPEG4) фајлови во помали MPEG2 фајлови со стандардна дефиниција, кои се спремни за снимање на DVD диск или преснимување на интернет.
Професионална контрола Корисничкото копче ви овозможува активирање на една од петте променливи кои можат да бидат доделени на контролното вртливо копче, вклучувајќи фокус, експозиција и ниво на звук. Влезниот приклучок за далечински управувач овозможува употреба на дополнителни надворешни далечински управувачи.
Аудио исклучителност Снимете и следете извонреден звук преку влезниот приклучок за микрофон и приклучокот за слушалки. Регулаторот на микрофон со можност за конфигурирање врши компензација на ненадејните промени на јачината на звукот, со цел звукот секогаш да се снима на оптимално ниво.
Постабилни снимки Оптичкиот стабилизатор на слика со новиот динамички режим ви овозможува да снимате постабилно, дури и кога се движите. Напојуваниот IS овозможува неверојатна стабилност на снимениот материјал при снимање на телефото крајот од опсегот на зумирање.
Не пропуштајте ништо Во Pre REC режим, видео камерата започнува со снимање три секунди пред копчето за снимање да биде притиснато. Овие секунди се додаваат на почетокот од секој видео запис, така што можете да ги снимите важните моменти дури и ако предоцна го притиснете копчето за снимање. Моменталниот AF постигнува извонредно прецизно и брзо автоматско фокусирање.
Проширен спектар на бои DIGIC DV III нуди поддршка за x.v.Color – за добивање на длабоки богати нијанси при репродукција на компатибилен HD телевизор. Со 25p режимот на кино вие ќе постигнете изглед на традиционален филм, со подобрување на квалитетот на снимање при слаба осветленост.
Креативни додатоци Со помош на мини напредниот приклучок можете да употребувате дополнителна опрема – како на пр. видео осветлување. Рамката на објективот од 58mm е компатибилна со професионалните филтри.
|