За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Со висока резолуција > LEGRIA HV40

Canon LEGRIA HV40
Со висока резолуција

LEGRIA HV40

LEGRIA HV40 е High Definition камера за врвните сниматели, која ви нуди флексибилност за реализирање на вашите креативни визии. Можна е рачна контрола на различни параметри со помош на контролното вртливо копче со можност за доделување.

Карактеристики

  • Canon HD камера систем
  • Моментален AF
  • 10x зум и OIS со супер опсег
  • Корисничко копче и контролно вртливо копче со доделување
  • Напреден приклучок за дополнителна опрема
  • Повеќеаголен живописен LCD екран
  • 50i и 25p
  • Симултано снимање фотографии
  • AV влез
  • Опционална издржлива батерија
Ослободете ја вашата креативност во High Definition квалитет.



Canon HD камера систем
LEGRIA HV40 ги наследува сите предности на Canon HD камера системот од својот наградуван претходник - HV30. Уникатната комбинација на оригинален Canon HD видео објектив, Full HD CMOS сензор и DIGIC DV II процесор овозможува врвно HDV1080i видео (High Definition видео), со снимање на лента.

Моментален AF
Дури и малите грешки во фокусирањето ќе бидат видливи кај HD снимките. LEGRIA HV40 се одликува со моментален AF - ункатен хибриден систем за автоматско фокусирање на Canon, за брзо и прецизно фокусирање.

10x зум и OIS со супер опсег
Оригиналниот Canon HD видео објектив со 10x оптички зум е изработен според стандардите за најголема прецизност – следејќи ја експертизата на Canon од полето на објективи за вршење преноси. Оптичката стабилизација на слика со супер опсег врши компензација на вибрациите кај широк опсег фреквенции, намалувајќи го влијанието на потресите.

Корисничко копче и контролно вртливо копче со доделување
LEGRIA HV40 на снимателите им нуди повеќе можности за рачна контрола. Корисничкото копче ви овозможува да изберете која функција да се додели на контролното вртливо копче: изберете контролна функција како фокус, експозиција или ниво на звук.

Напреден приклучок за дополнителна опрема
Со напредниот приклучок за дополнителна опрема, вие ќе можете да ја прилагодите камерата според вашите потреби – на располагање ви стои широк опсег периферни уреди, вклучувајќи видео осветлување и микрофон со насочување. Рачната контрола на нивото на звук ви нуди прецизна контрола врз аудио снимката. Поврзете се лесно на компатибилен HD телевизор или компјутер преку HDMI.

25p кино снимање
LEGRIA HV40 ви нуди опција за вистинско 25p (прогресивно) снимање. Во комбинација со специјалниот CINE режим на слика, снимајте видео со изглед на традиционалните филмови. 25p исто така нуди подобрени перформанси при недоволна осветленост.

Симултано снимање фотографии
Благодарение на DIGIC DV II, истовремено снимајте видео и фотографии од 2.07MP, при што фотографиите се складираат на MiniSD картичка. Достапни се бројни наменски фото функции, вклучувајќи хистограм со едно притиснување на копче за следење на нивото на осветленост. Лесно ќе можете да печатите фотографии на кој било PictBridge компатибилен печатар.

AV влез
Преку AV влезниот приклучок можете да ги преснимувате аналогните снимки (вклучувајќи ги и вашите стари домашни видео снимки) на дигитална лента – ова е идеално за архивирање.

Опционална издржлива батерија
Доколку планирате да снимате преку целиот ден, LEGRIA HV40 е компатибилна со опционалната батерија со висок капацитет (BP-2L24H) на Canon – така што нема да мора да носите резервна батерија.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Драјвери
Сродни производи
ДВД Дигитални камкордери
Мини ДВ камкордери
Камкордери со флеш меморија
Проектори XEED
Компактни печатачи на фотографии SELPHY
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба