За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Флеш меморија > LEGRIA FS20

Canon LEGRIA FS20
Флеш меморија

LEGRIA FS20

Доволно мала за да ја носите насекаде со вас, LEGRIA FS20 ви овозможува да снимите преку 5 часа видео содржини на вградената флеш меморија од 8GB. Алтернативно, снимајте директно на мемориска картичка – совршено за споделување.

Карактеристики

  • 8GB двојна флеш меморија
  • Неверојатно компактен дизајн
  • Куси видео записи
  • 45x напреден зум на Canon
  • Мегапикселски CCD
  • Pre REC
  • Интелигентен батериски систем и брзо полнење
  • Приклучоци за микрофон и слушалки
  • Двојно снимање
  • PIXELA софтвер
Во секое време и на секое место. Врвни видео снимки со помош на уред со големина на вашата дланка.



Двојна флеш меморија
Со 8GB двојна флеш меморија, LEGRIA FS20 ви нуди два начини за снимање. Складирајте преку 5 часа видео снимки на внатрешната меморија, или пак снимајте директно на SD или SDHC мемориска картичка за лесно споделување.

Компактна и лесна
Понесете ја вашата видео камера насекаде со вас. Со тежина од само 230g, LEGRIA FS20 никогаш нема да ви пречи.

Куси видео записи
Режимот на куси видео записи го олеснува креирањето на видео снимки кои потоа ќе можете да ги споделите со пријателите и семејството. При секое притиснување на копчето за снимање, се врши снимање на кус видео запис од 4 секунди. Едноставно додадете ги видео записите во листа за репродукција, изберете музичка тема и веќе сте подготвени да ја погледнете вашата снимка на телевизор – без потреба од уредување на PC. 4 секунди е просечната должина на еден ‘кадар’ во ТВ емисија, со што вашата крајна снимка ќе добие експертски изглед. На камерата се вчитани пет музички теми со ослободени авторски права, но вие исто така можете да додадете сопствена музика со помош на испорачаниот Music Transfer Utility софтвер.

45x напреден зум
Комбинирајќи ја моќта на DIGIC DV II процесорот и квалитетот на оригиналните Canon видео објективи, LEGRIA FS20 ви го нуди неверојатниот 45x напреден зум.

Мегапикселски CCD
Благодарение на мегапикселскиот CCD сензор, LEGRIA FS20 нуди извонреден квалитет на видео снимките и фотографиите.

Pre REC функција
Во Pre REC режим, видео камерата започнува со снимање три секунди пред да го притиснете копчето за снимање. За оваа цел се врши континуирано складирање на 3 секунди видео и тие автоматски се додаваат на почетокот од вашата снимка откако ќе започнете со снимањето – вие никогаш повеќе нема да ги пропуштите најважните моменти.

Брзо полнење
По долгиот ден снимање, потребни ќе ви бидат само 20 минути за да се дополни батеријата за уште еден дополнителен час снимање.

Приклучоци за микрофон и слушалки
Влезните приклучоци за микрофон и слушалки ќе ви овозможат снимање на подобар звук и негово внимателно следење за време на снимањето.

Двојно снимање
Кај двојното снимање сите контроли се префрлуваат на автоматско функционирање, давајќи ви слобода да ги обликувате фото снимките. Вие ќе можете да снимате висококвалитетни фотографии за време на снимањето видео, без да мора да вршите префрлување со контролното вртливо копче.

PIXELA софтвер
Испорачаниот PIXELA™ софтвер ви нуди едноставен начин за уредување и споделување на видео содржините – снимете DVD, претворете ја видео снимката во облик погоден за преснимување на интернет или пренесете ја на персонален медиски плеер. За да снимите DVD диск со едно притиснување на копче, одлучете се за DW-100 DVD снимач (може да се купи одделно).

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Драјвери
Софтвер Console
Верзија 1.1
Сродни производи
ДВД Дигитални камкордери
Мини ДВ камкордери
Камкордери со флеш меморија
Проектори XEED
Компактни печатачи на фотографии SELPHY
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба